Не китете без да знаете што привлекувате – еве каква боја светилки каде да поставите за да привлечете среќа, мир и благослови
Правилната боја и поставеноста на светилките го отвораат домот за благодатта, ја зајакнуваат заштитата и ја зближуваат семејната заедница, пренесувајќи надеж за нови, добри почетоци.

Во православната традиција, светлината е еден од најмоќните симболи на духовноста и празничната радост. Таа означува раѓање, обновување, мир и Божји благослов. Кога се доближуваат деновите на Нова година и особено на Божиќ, семејствата почнуваат да го подготвуваат својот дом китејќи елка и редејќи светилки што трепкаат, создавајќи атмосфера што ги отвора срцата за благодат и духовна светлина.
Но знаете ли какви светилки каде да поставите?
Advertisement
Светилка, а не светилки пред иконите
Во многу домови може да се види дека и иконите „трепкаат“, односно дека се украсени со светилки во различни бои.
Сепак, „светиот агол“, пред иконите, не е место за трепкачки празнични светилки, туку само за една светилка – запалено кандило или пак, една светилка која не трепка, туку е мирна и зрачи бела светлина.
Белата боја овде има посебно значење: таа симболизира чистота, духовна светлина и мир, создавајќи атмосфера на молитва и тивка надеж.
Влезната врата – црвената боја на заштита
Големо внимание посветете на украсување на прагот. Трепкачките светилки над влезната врата, според традицијата, треба да светат во црвена боја. Црвената е топла, животна и заштитничка, ја пречекува Божјата присутност и симболично ги одбива лошите влијанија што би можеле да го нарушат мирот во домот.

Со црвени светилки над влезната врата се создава чувство на сигурност и гостопримство за секој што ќе пристапи кон домот.
Светилки во дворот
Дворот е продолжение на домашната атмосфера. Трепкачките светилки се ставаат околу дрвјата, покрај патеката или на важни точки што се сметаат за место на собирање на семејството.
На дрвјата се ставаат зелени и златни светилки. Зелената нијанса ја симболизира надежта и обновувањето, а златната го истакнува радосниот и благословен дух на празниците.
Патеката низ дворот се осветлува со сини светилки, создавајќи чувство на мир и водење, како симболично светло што ги води членовите на семејството низ новата година.
На места што се сметаат за важни за семејството, во дворот, белата и златната боја истакнуваат благослов и духовна заштита.
Прозорците – светлина кон светот надвор

Ставете трепкачки светилки и на прозорците. Златната боја тука ја пренесува топлината и радоста кон надворешниот свет, испраќајќи симболична молитва кон светот за среќа и здравје. Светилките поставени на прозорецот не само што ја красат фасадата, туку и го зајакнува духовниот континуитет помеѓу домашниот мир и светот што нè опкружува.
На елката
Секако, местото на трепкачките светилки е и на новогодишната елка. Кога станува збор за елката, изборот на бои е голем, дури може и да ги комбинирате во зависност од тоа каков амбиент во домот сакате да постигнете.

Поелегантен изглед ќе постигнете ако светилките се во иста нијанса со доминантната боја на лампионите, односно, ако се во една боја, а посвечен изглед, ако се во бела нијанса.



