Една од најдобрите работи кои можете да ги направите за масна кожа е да одредите дали имате таков тип кожа и правилно да се грижите за неа.
Една од најдобрите работи кои можете да ги направите за масна кожа е да одредите дали имате таков тип кожа и правилно да се грижите за неа. Правилното чистење два пати дневно е многу важно со цел да ги спречите проширените пори. Избегнувајте користење препарати за чистење кои содржат сулфат кој предизвикува стегање на кожата, затоа што тоа предизвикува поголемо производство на масло отколку што е потребно. Исто така избегнувајте користење хидратантни креми, а наместо тоа, користете серум за да ја хидрирате вашата кожа.
Развијте добар систем за негување:
– Избегнувајте масна храна
– Пијте повеќе вода
– Консумирајте кофеин, но во умерени количини
– Вежбајте
– Со промена на времето променете го и вашиот режим на исхрана
Масната кожа можете да ја познаете по некои од овие симптоми:
– Имате проширени пори
– Брзо ви станува масна и откако ќе ја исчистите
– После чистењето имате чувство на сувост, но брзо потоа повторно ви станува масна
– Често имате митесери, акни и дамки