Коса

„Не сум ја измила косата со шампон шест години“

Advertisement

 

 

Advertisement

И таа ем изгледа убаво, ем јас ја чувствувам подобро од било кога.

 

 

Advertisement

 

 

Кога прв пат слушнав дека да не се мие косата е нешто беше кога налетав на една стара пријателка, која ја паметам со разбушавена, сува и лелеава коса. Но, овој пат косата ѝ беше навистина сјајна, мека и измазнета. Изгледаше неверојатно! Кога го прашав за нејзината тајна, ми рече дека тоа е затоа што престанала да ја мие косата со шампон!

 

 

Идејата ми звучеше малку груба, но ја зачував во мојата глава како нешто што можеби ќе сакам да го испробам еден ден. Ако функционирало толку добро за неа, зошто да не?

 

Косата ми е многу убава и покажува тенденција да се мрси брзо. Но, во тоа време, бев во тој досаден циклус да ја мијам со шампон секој втор ден, а веднаш по миењето косата ми стануваше кадрава и статична, а потоа

 

почнуваше веднаш да станува млитава и мрсна. Воопшто не ми се допаѓаше тоа, но навистина не знаев што да правам. Сакав да се обидам со трикот на мојата пријателка и да престанам да користам шампон, но таа ме предупреди дека кога првпат ќе престанете со користење шампон, косата и кожата на главата навистина ќе бидат непријатни, и на изглед и на допир, за некое време. Но, сепак, барем чувствувате дека нешто се обидувате.

 

Конечно, одлучив да се обидам неколку месеци подоцна, додека бев на тринеделен одмор во Тајланд. Си мислев дека на тој начин ќе имам само мрсна коса на плажа, ништо посебно. Но, не бев подготвена за тоа колку интензивни оние првите неколку недели ќе бидат навистина.

 

Косата ми беше најмрсна од кога било. Понекогаш се справував со првутот пред тоа, но имав многу повеќе во текот на таа тринеделна проба. Беше навистина непријатно и бев толку засрамена што не сакав воопшто да ја покажам главата. Речиси ќе се откажев во неколку наврати. Чувствував како мојот скалп полудува.

 

Кога се вратив од одмор, ја виткав косата секојдневно со трака за коса. Секој пат кога се туширав, ја влажнев косата и ја триев кожата со прстите. Мојот дечко беше циничен во врска со она што го правев и не сакаше да ми ја допира косата. Јас само верував дека трудот ќе ми се исплати.

 

По шест недели, работите тргнаа на подобро. Првутот и мрсењето се намалија. Не изгледаше неверојатно, туку изгледаше нормално повторно.

 

Некако бев истрајна во текот на тие шест недели, а потоа уште шест недели. И тогаш се случи магија.

 

Не правев ништо поинаку, туку мојот скалп едноставно престана да лачи преголемо количество маснотија. Тој се прилагоди на новата ситуација и се нормализира. Почнав да гледам како навистина изгледа мојата природна коса без оние препарати што ги користев. Тоа беше свиленкаста и повиткана, а целосно неразбушавена.

 

Движењето против-шампон има име – No Poo – кое привлекува многу внимание во последно време, па затоа повеќето луѓе деновиве не ме гледаат чудно кога ќе им кажам дека не користам шампон со години.

 

 

Сепак, некои луѓе сѐ уште не сфаќаат. Еден ден, кога отидов на фризер, фризерката се обиде да ми стави шампон со сила. Морав да ѝ повторувам дека не користам шампон, додека таа сосема не ја ’свари’ таа информација.

 

Но, главно добивам позитивни реакции од луѓето кога ја гледаат мојата коса ’на дело’. Доколку вашата коса изгледа добро затоа што не користите шампон, тогаш не е непријатно да им кажете на луѓето која е вашата тајна!

 

No Poo е движење денес, но кога јас почнав, мислам дека терминот и не постоеше. Звучи како филозофија за убавина, но, навистина, јас само експериментирав. Не мислам дека шампонирањето е лошо за вашата коса. Но, за косата на пријателката која ме инспирараше и за мојата коса – сигурна сум дека вака е подобро. Сѐ уште има денови кога костата ми е убава и денови кога не е, но во целост, косата ми изгледа поубаво, а и јас ја чувствувам толку многу поздрава. Плус, заштедувам куп пари на шампони и други производи.

 

 

—Како што ѝ кажале на Елизабет Дентон

 

 

<

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button