MAMAДом и семејство

Не ја фрлајте водата од туршијата – суперлек е за пет различни заболувања!

Богата со електролити, витамини и пробиотици, водата од туршија може да помогне во хидратација, варење, намалување на грчеви, па дури и контрола на шеќерот во крвта.

Advertisement

Додека повеќето од нас по јадењето кисели краставички од тегла ја фрлаат водата во која биле натопени, сметајќи ја за отпад, научниците и нутриционистите тврдат спротивно, дека таа течност е вистински еликсир за организмот!

Богата со електролити, витамини и пробиотици, водата од туршија може да помогне во хидратација, варење, намалување на грчеви, па дури и контрола на шеќерот во крвта.

Advertisement

Зошто е корисна?

Содржи електролити за енергија: Натриум, калиум и магнезиум, идеални по тренинг или дехидратација.

Содржи витамини А и К: За кожа, коски и вид.

Делува како пробиотик: Од ферментацијата се подобруваат цревна флора и варењето.

Има ефект против грчеви: Калиумот и магнезиумот ги релаксираат мускулите.

Се употребува и и ротив мамурлак: Брзо враќа електролити по конзумирање на алкохол.

Го стабилизира шеќерот во крвта: Оцетната киселина го намалува гликемискиот индекс (потврдено во студија од Journal of Functional Foods, 2022).

Прави детоксикација: Природно чисти токсини.

пекселс

Како да ја користите?

Пијте 1-2 чаши дневно (не повеќе, поради солта!). Додавајте ја во салати, супи или маринади – дава уникатен вкус.

Се препорачува да пиете од неа 50-100 мл пред тренинг за превенција на грчеви и подобрување на издржливоста. Исто така, лекарите во Русија ја користат и за брзо закрепнување по гастроентеритис.

Но, освен водата од киселите краставички, одлична е и водата од туршија од цвекло. Богата е со моќни антиоксиданти, го намалува крвниот притисок (потврдено во „Хипертенжел џурнал“, 2023), а се користи и против воспаленија, идеална е за превенција од артритис.

Од водата од цвекло пијте 50 мл дневно како природен сок за детоксикација на организмот.

Водата од туршија лесно се чува во фрижидер. Таа е еден од еден од најевтините и најефикасните природни лекови што постојат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button