Доаѓа момент во животот кога сфаќаме дека некои личности едноставно се со нас од интерес. Затоа, не треба да губиме време докажувајќи им ја нашата вредност.
Не им угодувам на оние на кои не им се допаѓам. Ја изгубив желбата да бидам љубезна кон сите. Не сакам да ме сакаат сите, не сакам да привлечам сечие внимание. Имам свој круг на луѓе кои ги сакам и кои ми ја подаруваат потребната љубов. Се’ надвор од ова само ме полни со негативна енергија.
Сфатив дека повеќе не треба да трошам ниту една минута за лажговци и манипулатори. Едноставно си заминувам ако сфатам дека некој пред емне глуми и ми ласка. Не можам да поднесам ни површни насмевки ниту ароганција. Озборувањата предизвикуваат одвратност во мене. Не сакам ривалство и споредување. Верувам дека светот е направен од спротивности и затоа ги избегнувам луѓето со нефлексибилен начин на размислување.
Во пријателството ме привлекува верноста, а ме одбива предавството. Не комуницирам со оние кои не знаат како да дадат комплименти или да дадат поддршка. Свесна сум дека времето на овој свет ми е ограничено, па затоа го живеам животот според мои правила!