Поучна приказна: Не губете ја надежта, никогаш не сте сами

Таткото го одвел својот син длабоко во шумата, му ставил превез преку очите, го качил на едно пресечено стебло и го оставил.
Од момчето се барало цела ноќ да седи на стеблото, без да се помрдне од местото и без да го трга превезот од очите, сѐ додека не ги почувствува првите зраци на сонцето на своето лице. Не смеело ниту да плаче, ниту да бара помош. Кога ќе ја преживее ноќта, ќе стане возрасен човек. Забрането му било да разговара со другите момчиња за своето искуство, бидејќи секое од нив морало да влезе во зрелото доба на свој начин. Момчето, се разбира, било многу исплашено. Можело околу себе да ги слушне сите звуци: Од дивите ѕверови и разните птици па сѐ до далечните гласови на луѓето кои исто така можеле да го повредат или убијат.
Постојано го чувствувало и звукот на ветрот кој во лицето му носел трева и песок. Сепак, младиот Индијанец храбро го поднел сето тоа. Знаел дека тоа му бил единствениот начин да стане возрасна, зрела личност. Конечно, по ужасно поминатата ноќ, сонцето излегло и момчето можело да го тргне превезот од очите.
Во тој момент, младото момче открило дека неговиот татко цело време седел покрај него, на другото пресечено стебло и внимавал да не му се случи нешто лошо.
Поука:
Секогаш има некој кој внимава на вашиот живот, иако можеби вие тоа не го согледувате.