MAMAДом и семејство

НЕ ГО ПОВИКУВАЈТЕ БАКСУЗОТ ВО ДОМОТ! Овие јадења на Нова година носат несреќа, кавги и финансиски проблеми

Овие јадења не треба да се најдат на новогодишната трпеза.

Advertisement

Ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари, трпезата не е само место за славење, туку и симболична порака за тоа каква година нè очекува.

Според народните верувања, храната што ја ставаме на новогодишната маса може да повика среќа, благосостојба и напредок, но и застој, кавги и несреќа.

Advertisement

Токму затоа, старите обичаи советуваат одредени намирници да се избегнуваат, ако сакате во новата година да влезете со добри вибрации.

Пилешко и мисиркино месо

Во словенските народни верувања, живината симболизира „гледање назад“. Се верува дека кокошките и мисирките со движењето на клунот ја „чепкаат“ среќата и можат да ја однесат од домот. Наместо тоа, традицијата препорачува свинско месо, бидејќи свињата копа напред и е симбол на напредок и материјална стабилност. Се разбира, доколку не постите.

пекселс

Ракчиња и јастози

Овие морски плодови се движат наназад или настрана, па симболично се поврзуваат со застој и враќање на старите проблеми. Во народната традиција се верува дека рак на новогодишна трпеза може да донесе професионални неуспеси и блокади. Подобра алтернатива се риби што „пливаат напред“, како лосос или пастрмка.

Бела храна – ориз, јајца, карфиол

Во кинеската, но и делумно во источната словенска симболика, белата боја се поврзува со жалост и загуба. Затоа оризот, варените јајца, тофуто (сирење), карфиолот и белите сирења се сметаат за неповолни за новогодишната ноќ. Наместо нив, се препорачуваат зелени, жолти и црвени намирници – бои што симболизираат раст, живот и радост.

Школки и риби што се хранат од дното

Шкампи, школки, бакалар, крап и други риби што се хранат од морското дно, во народните толкувања значат „останување на дното“.

Според православните суеверија, ваквите јадења можат да привлечат финансиски проблеми и непријатни изненадувања во текот на годината.

Банани

Иако се омилено овошје, бананите во некои словенски верувања се сметаат за весници на лоши вести. Затоа не се препорачуваат за новогодишната трпеза. Наместо нив, традицијата советува агруми – портокали, мандарини и лимони – кои симболизираат сонце, среќа и изобилство.

Кнедли и варени пелмени (полнети тестенини)

Во словенските земји се верува дека целосно затворените кнедли и пелмени на Нова година „ја затвораат среќата“. Ако веќе се служат, обичај е во некои од нив симболично да се стави паричка или зрно пченица за да се „отвори“ патот кон благосостојба.

Сварено млеко и млечни супи

Според старите словенски верувања, млекото е симбол на домот и мирот. Истурено или сварено млеко на новогодишната ноќ се смета за лош знак и најавува кавги во семејството во текот на годината.

Иако денес многумина овие обичаи ги доживуваат како суеверие, тие и понатаму се дел од културното наследство. А кога веќе сакаме Новата година да ја започнеме со надеж, радост и оптимизам, зошто да не ѝ помогнеме и со внимателно избрана трпеза?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button