Не го гледате често во јавноста – ова е синот на Татјана Лазаревска, погледнете колку е повисок од неа
Овој фраер е син на нашата позната пејачка

Ова беше посебен ден за нив
Нашата позната фолк-пејачка Татјана Лазаревска заедно со сопругот Новица Василевски веќе одамна не живеат во Македонија.
Тие пред 10-на години заедно со синовите се отселија во Австралија, а сега пејачката сподели една преубава вест.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Имено, Татјана се врати во својот роден крај, па сподели фотографија на која е со синот Петар Василевски.
Фотографијата е направена на аеродромот во Мелбурн, пред тргнување, а во описот пејачката го напиша следново:
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
„Еве и ние да објавиме – една половина од фамилија Василевски патува за Македонија, другата половина стигнува наскоро. Се гледаме“, напиша популарната пејачка во описот на фотографијата.
Она што сите го забележаа е дека Петар пораснал во убаво и згодно момче, но и дека значително е повисок од мама.
Тие и двајцата позираа насмеано и среќно што се враќаат во Македонија, а како изгледаше гордата мама, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Неколку дена подоцна, кога се врати во Македонија, Татјана потоа сподели и емотивна фотографија на која е со својата мајка.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
„Со мојата мајка, мојата кралица, Снежана Лазаревска“, напиша познатата пејачка во описот на фотографијата.
Тие и двете носеа интересни комбинации, а Татјана блескаша во фустанот во смарагдна нијанса и златните високи потпетици.
Повеќе фотографии во продолжение: