Кафе муабет

Не го добивте она што го посакувавте? Нешто подобро ве чека на патот!

Advertisement

Сите имаат поминато низ некој тежок период и истиот го имаат на некој начин преживеано.

 1 podobro

Advertisement

Сите имаат поминато низ некој тежок период и истиот го имаат на некој начин преживеано. Меѓутоа, вистина е дека некои луѓе подобро се соочуваат со животните предизвици, отколку другите. Во што е нивната тајна? Погледнете ги овие совети кои треба да ги имате предвид кога животот ќе ви стане тежок.

1. Каква е ситуацијата – таква е

Има една добро позната изрека: „Вашиот отпор е она што лежи во корените на вашето страдање“. Размислете еден момент за ова. Тоа значи дека патите само одбиете да прифатите какви се вистинските работи. Ако можете нешто да промените, направете го тоа. Ако не постои нешто што можете да направите, тогаш навистина имате само две опции: Да ја прифатите ситуацијата и да ги отфрлите своите негативни чувства или да патите подолг период.

Advertisement

2. Проблемот е проблем само кога мислите дека е проблем

Луѓето често самите си стануваат на себе најлоши пријатели. Да се биде среќен всушност е прашање на перспектива. Ако нешто претворите во проблем, вие ќе бидете полни со негативни емоции и мисли.

3. Ако сакате да ги промените работите, прво променете се себеси

Она со што се соочувате во надворешниот свет, често се одразува на вашите чувства и внатрешни ставови. Најверојатно знаете луѓе чиј живот е полн со хаос и стрес. Навистина ли мислите дека тоа се случило случајно? Луѓето сакаат да мислат дека промената на околностите има влијание врз нив. Во реалноста е обратно – кога вие ќе се промените одвнатре, тогаш се променуваат и околностите.

4. Ако не сте го добиле она што сте го сакале, тоа значи дека ве чека нешто подобро

Понекогаш е тешко да се верува во ова. Но, тоа е реално. Ако набљудувате некои работи во животот, можеби ќе сфатите дека најубавите моменти ви се случиле тогаш кога не ви излегло според планираното. Можеби не сте ја добиле работата која сте ја посакувале, но со тоа ви било овозможено да поминувате повеќе време со вашето семејство. Можеби причината била и некоја друга, која со текот на времето ќе ви го покаже своето значење.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button