Не фрлајте ја искористената кесички чај – еве како практично може да ја употребите за домот
Постојат многу практични начини на кои можете да ја искористите.
Ако сте љубител на чај, веројатно ќе ја фрлите кесичката чај откако ќе уживате во шолја од вашиот омилен пијалок.
Меѓутоа, наместо веднаш да ја фрлите, постојат многу практични начини на кои можете да ја искористите.
Еве неколку корисни совети за користење искористени кесички чај кои можете да ги примените во секојдневниот живот.
Смирувачки ефект за очи и за кожа
Ако долго гледате во екранот на компјутерот или ако имате иритација на кожата, осип или црвенило, искористените кесички со чај можат да бидат вистински спас.
Ставете ги во студена вода на минутка, исцедете го вишокот течност и потоа ставете ги на очите или на иритираната кожа. Чајот содржи природни состојки кои ја смируваат кожата и можат да помогнат да се намали црвенилото или отокот.
Овој едноставен трик ќе ви помогне да се чувствувате опуштено и да ја намалите анксиозноста.
Може да се користи за природно чистење на дамки
Изненадувачки, употребените кесички чај можат да бидат корисни и за чистење.
Искористените кесички чај може да се користат за чистење на тврдокорни дамки, како што се оние на дрвени површини или дури и на тепих. Чајот е нежен, но има способност да ги отстранува дамките, па ова е природен начин да го одржувате вашиот дом чист без употреба на хемикалии.
За освежување на просторот
Исто така, покрај овие трикови, можете да ставите искористени кесички чај во фиоки или во плакарите за да го освежите просторот и да спречите непријатни мириси.
Ставете искористени кесички чај и во чевлите или во чизмите за да ја апсорбираат влагата и да ги неутрализираат непријатните мириси.
Следниот пат кога ќе пиете чај, размислете за сите начини на кои можете да ја искористите веќе употребената кесичка пред да ја фрлите.