MAMAРецепти

Не фрлајте ги преостанатите велигденски јајца, туку направете некоја од овие вкусни салати

Advertisement

Веќе ни здосадува да ги јадеме варените велигденски јајца, но тоа не е причина да не ги искористиме. Ако и вие бојадисувавте повеќе јајца за Велигден, сигурно ви останаа уште неколку за кои не сте сигурни како да ги искористите. Ви предложуваме 3 рецепти за вкусни оброк-салати.

ФОТО: browneyedbaker.com

Салата со туна и компир

Пробајте го рецептот за оваа салата чии основни состојки се варени компири, зелена салата, јајца и се’ друго што сакате. Ние ви предложуваме со компирот, јајцата и зелената салата да додадете и домати, туна од конзерва и црни маслинки, па сето тоа да го прелиете со сок од лимон, сенф и маслиново масло. Дополнително можете да послужите и со тост.

Advertisement

Салата со тестенини

Сварете ги тестенините, јајцата исечкајте ги на коцките, а потоа додајте исто исечкано сирење и шунка. Можете да додадете и кисели краставички кои исто така ќе ги исечкате на кругчиња. Промешајте ги сите состојки и зачинете со прелив од малку мајонез, јогурт и сенф. Зачинете уште со сол и бибер и уживајте!

Салата со лосос

Варените јајца исечкајте ги на коцкички. Сварете два поголеми компира и исто така исечкајте ги на коцкички. Во чинија измешајте мајонез и јогурт, така што ќе добиете густ сос. Измешајте зачини по желба во самиот пролев. Исечкајте 100 грама чаден лосос и промешајте ги сите состојки. Салатата послужете ја ладна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button