Не е само за кадење на домот – тeмјанот пpави чуда лекувајќи ги овие болести
Многубројните лековити својства на темјанот остануваат непознати за повеќето луѓе – речиси сите го имаат дома, но ретко ги користат неговите благотворни ефекти.

Толку мал, а толку моќен – оваа ароматична смола се добива од родот на дрвјата босвелија (Boswellia), а при негово палење се ослободува исклучително силен и невообичаено пријатен мирис.
Многубројните лековити својства на темјанот остануваат непознати за повеќето луѓе – речиси сите го имаат дома, но ретко ги користат неговите благотворни ефекти.

Темјанот со години се користи за лекување на артритис, заздравување на рани, регулирање на женските хормони и за заштита од патогени материи.
Во земјите од Блискиот Исток се применува за одржување на здравјето на усната празнина – таму луѓето ја џвакаат смолата од темјан и на тој начин го подобруваат здравјето на забите и непцата.
Антимикробните својства на темјанот спречуваат инфекции.
Advertisement
Темјанот ја ублажува болката предизвикана од артритис, без да предизвикува несакани ефекти.

Го подобрува крвотокот и циркулацијата во крвните садови оштетени од воспалителни процеси.
Научните истражувања потврдуваат дека тамјановиот ацетат го намалува невролошкото оштетување, делува ефикасно против депресија и напнатост, го намалува нивото на холестерол и спречува заболувања на кардиоваскуларниот систем.
Темјанот се користи и за ослободување од стрес, напнатост, хистерија и депресија. Купка со масло од темјан помага при менструални болки, воспаление на уринарниот тракт, бронхитис, астма, синузитис, чести настинки и алергии.

Иако не се смета за опасен, темјанот не се препорачува за лица со висок крвен притисок, бремени жени и доилки.