Реклама
Наши ѕвездиСтил

Не е само пејачка, туку и доктор по науки и професорка – нашата публика ја обожава оваа прекрасна дама

Андријана Јаневска уште еднаш покажа зошто е број 1

Реклама

Кога се појави на сцената, сите беа воодушевени…

Овој викенд во Филхармонија се одржа концертот „Македонијо, во срце те носиме“ во организација на Скеднаровски продукција.

На концертот многу напи познати музичари настапија со некои од најпознатите македонски фолк-песни, а една од нив беше и познатата пејачка Андријана Јаневска која на сцената ја изведе „Ми заплакало селото Ваташа“, аранжирана од маестро Николче Мицевски, во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија, под палката на генијалниот Сашо Татарчевски.

Маркетинг

Па, како и секогаш, кога Андријана се појави на сцената сите беа воодушевени, а пејачката ги изненади сите и со својот стајлинг.

Маркетинг
Инстаграм/ Андријана Јаневска

Имено, таа за оваа пригода избра прекрасна тоалета во кралска сина боја, која во преден план ги истакна нејзините нозе.

Станува збор за фустан со крој што потсетува на креациите што ги носеле жените од кралските дворови во антиката, со асиметричен крој и дел кој го покрива телото, но и остава голем отвор во долниот дел, така што во центарот на вниманието беа згодните нозе и кусото здолниште, но и разголените раменици на убавата пејачка.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Јаневска целото издание го „зачини“ со елегантни високи потпетици и коса врзана во висока опашка, но и со преубава шминка.

Како пејачката изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Потсетуваме, Андријана Јаневска пред само неколку дена го прослави својот 43 роденден, и тоа повторно со модна приказна со која исто така никого не остави рамнодушен.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Имено, пејачката за оваа пригода позираше во фустан од црна проѕирна тантела со која ја истакна убавата фигура заокружувајќи го изгледот со елегантни црни салонки со тенки високи потпетици.

Во продолжение погледнете како изгледаше нашата омилена професорка и доктор по науки и во ова свое издание…

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Па, која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button