Ова е текст кој го позајмивме од порталот Бука (види тука), и неговиот оригинален наслов е „Није Балкан ван памети него је памет ван Балкана“.
Не извезуваме ние во светот сировини, туку готов производ – дипломирани доктори, инженери и професори. Суровините остануваат во земјата и владеат.
Не градиме ние болници и фабрики – странци ни ги градат.
Ние градиме цркви и џамии.
Ние веруваме дека Бог ќе ни помогне.
Тој, ако постои, одамна дигнал раце од нас.
Ги школуваме децата, а пота нивното знаење некој друг го користи.
Скапото школување се претвора во евтина работна сила.
Ако останат нивното знаење не вреди ни како зрно грав доколку не се поврза со партиска книшка.
Љубовницата на кумот вреди повеќе од нечии 10-ки на факс.
Партнерот на братот повеќе од докторатот.
Фамилијата и братството повеќе од државата и народот.
Државниот имот всушност е партиски.
Денес оној што има партиска книшка има повеќе привилегии од оној што е првоборец или воен ветеран кој крвавел за татковината
Дното не е само на врвот – тоа е на сите страни.
Сo години паметта си заминуваше од тука па сега затоа имаме владеење на глупоста.
Имаме ликови кои по занимање се патриоти
Некогаш патриотизмот беше чиста љубов кон татковината
Денес тоа е исплатливо занимање
И сеење омраза кон другите
Школите и улиците ни се викаат по воени злосторници или озогласени квислинзи од II Светска војна
Системот на вредности ни е наопаку
Состојбата во културата ни е мизерна што е дегутантно да зборуваме за неа
Ријалити ни се случува во сите сфери од животот
И среќен е оној што ќе биде исфрлен
Тој заминал и се спасил!
Издржавме 50 години во комунизам, 20 во некаков аристократско-автократски капитализам и сега останува да видиме уште колку ќе издржиме во овој идиотизам.