Не е лесно да се биде во брак. Понекогаш доаѓаат кризни времиња кога повеќе не можеш да го одржуваш потребниот баланс. Понекогаш ти доаѓа преку глава и се’ што сакаш е само да викаш и да бидеш оставена на мир. Но, кога легнуваш и сфаќаш дека имаш љубов која те грее, забораваш на се’.
Не е лесно да го носиш сиот тој терет кој го налага брачниот живот, но сепак е поубаво доколку си со човекот кој знаеш дека секогаш е тука за тебе. Поубаво е секојдневието ако знаеш дека има кој да те утеши и дека има кој да ти подаде рака.
Бракот е заедница која со себе носи многу одговорности, но и многу убави и исполнети мигови. Забораваш на минатото и не мислиш на иднината, туку склопчена во прегратката на твојот сакан, живееш во сегашноста и не сакаш тој миг никогаш да престане.
Не е лесно да се каже извини, ниту пак е лесно да се признаат грешките. Но во бракот учиме лекции кои никој никогаш не може да ни ги каже. Тука се усовршуваме и ако сакаме, стануваме подобри личности.
Но, лесно е да чекориш по ова тло ако знаеш дека имаш потпора, лесно е да ја зграпчиш новата можност која доаѓа, зашто знаеш дека неуспехот помалку ќе боли, лесно е и да заплачеш, зашто знаеш дека има кој да ги избрише твоите солзи.