Реклама
Наши ѕвезди

Не е лесен КАФАНСКИОТ ЖИВОТ, ама не и за пејачот Спасен Сиљаноски – ем боем, ем човек од народот!

Боемиште, ама со спортски дух...

Реклама

Нашиот познат пејач е познат и како голем гурман, но и човек кој е редовен гостин во познатите скопски меани.

Тој е познат како голем љубител на храната, а оние што го познаваат за него велат дека е голем пријател со сите.

Станува збор за пејачот Спасен Сиљаноски, македонската фолк-ѕвезда што нашиот народ обожава да го слуша.

Маркетинг

Тој е поприлично активен и на социјалните мрежи, а откако неодамна откри дека сака традиционална кујна, сега покажа и што ужива да јаде.

Маркетинг

Имено, Спасен е голем љубител на „кичевска“ чорба, па овие денови направи една интересна селфи фотографија од еден ресторан во Скопје и ги воодушеви своите фанови.

„Кичевска чорба, ама во Скопје“, напиша Спасен под фотографијата што ја објави на својот Фејсбук профил.

Потсетуваме, Спасен во една пригода за Гламур откри дека најмногу ја обожава кујната на својата сопруга, но и на мајка му.

Спасен собира дрва за Василица

„Ги обожавам традиционалните јадења, како гравче-тавче, мусака, селски домашни пиперки испржени со јајца и со патлиџанчиња, пораснат сум со млеко. Потенцирам дека многу сакам лазањи“, изјави во една пригода Спасен за Гламур додавајќи дека од алкохол сака пиво, додека жестоко не консумира, освен кога е дома, на село, па тогаш има и мерак да си проба од неговата домашна ракиичка.

Што се однесува до тоа како се одржува во форма, Спасен во една пригода за Гламур го откри следново:

„Не внимавам премногу на храна, и да сакам не можам, моите ангажмани не ми дозволуваат да пазам. Се случило да не јадам некогаш цел ден , па потоа да седнам и наеднаш да изедам многу или се случило да јадам после свирка во 3, 4 сабајле бурек, плескавица…“

„А тоа секако не е здраво, но компензирам со вежбање фитнес“, изјави тогаш Спасен, па го додаде и следново:

„Морам да се пофалам дека во 2007 година бев второ место во фитнес на ниво во Македонија. Многу сакам да возам велосипед, во последно време се искачувам на врв на Водно.“

„Исто сум љубител на возење крос мотори по планините на Македонија. Буквално нема врв што е достапен, кај што се немам искачено. И тоа го нарекува спорт бидејќи навистина се троши енергија и е дел од еден здрав живот“, изјави Спасен додавајќи дека според него спортувањето треба да биде важен дел од животот на секој човек, но посебно и на музичарите, бидејќи покрај гласовните способности пејачот треба и да изгледа добро за окото на публиката.

„Советувам сите колеги да се грижат за своето здравје“, заклучи Спасен тогаш. Целото интервју со него прочитајте го тука

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button