Не е Анџелина Џоли, си личат како близначки – Кристина од Србија го освои светот со сличноста на глумицата
Иако многумина ја гледаат како манекенка која го постигнала успехот поради сличноста со Анџелина Џоли, таа неуморно докажува дека нејзиниот успех е резултат на талент, дисциплина и вредна работа.

Српската манекенка која стана еден од најпознатите ангели на Викторија Сикрет, неодамна ги привлече сите погледи на социјалните мрежи со фотографија на која неодоливо потсетува на славната холивудска актерка, Анџелина Џоли.

Кристина Периќ со години гради кариера во светот на моделингот, а благодарение на својот талент веќе е препознатлива во модната индустрија.
Нејзината единственост се истакнува преку различните изданија за списанија, со промени на фризури, бои на коса и шминки што ја прават исклучителна на професионалните фотосесии.

Иако многумина ја гледаат како манекенка која го постигнала успехот поради сличноста со Анџелина Џоли, таа неуморно докажува дека нејзиниот успех е резултат на талент, дисциплина и вредна работа.
„Многумина мислат дека мојот успех е само благодарение на изгледот, но се трудам да го демантирам тоа“, вели таа, која е синоним за успех во модниот свет.
Advertisement
Не само што ја достигна титулата ангел на Викторија Сикрет, туку имала прилика и да се запознае со фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо.

Како што раскажува во интервју за „GQ“, го запознала благодарение на стилистот Дејвид, кој бил задолжен за подготовката на Ирина Шајк.
„Роналдо не е оптоварен со славата, се однесува како обично момче од соседството. За жал, немавме многу време да поминеме заедно, бидејќи тој брзо замина, а јас имав деловни обврски во Мајами“, откри манекенката.

Манекенката не престанува да докажува дека нејзиното име не е само резултат на физичката сличност со Анџелина Џоли, туку дека е вистински професионалец која во текот на кариерата покажала дека е повеќе од само убава девојка – туку таа е пример за работа, упорност и посветеност.
Претходно, гламур.мк пишуваше за турската глумица Денис Дурмаз која неодоливо потсетува на Џоли.
Имено, турската актерка Денис Дурмаз, која на Инстаграм има повеќе од 370.000 следбеници, стана популарна не само поради своите актерски способности, туку и поради сличноста со холивудската ѕвезда Анџелина Џоли.

Иако Дениз првенствено се истакна како актерка, таа многу добро се снаоѓа и како инфлуенсерка. Нејзините следбеници на Инстаграм можат да уживаат во нејзините објави, кои содржат моменти од нејзиниот живот, кулинарски совети, но и трикови за шминкање и убавина.

Повеќе за глумицата прочитајте на гламур.мк – ТУКА.