Не дозволувајте лошите искуства да ве оттргнат од животот кој го заслужувате
Понекогаш лошите искуства може да ви изгледаат премногу страшни при што не можете да продолжите понатаму. До каде со тој став?
Понекогаш е тешко да се справите со сите тие мрачни чувства и мисли, па мислите дека полесно ќе поминете ако се затворите во себе и чекате животот да ви го „сервира“ она што ви треба. Полесно е да обвините некој, отколку самите да си признаете дека вие сте тие кои се туркате во провалија.
Не дозволувајте лошите искуства кои ви се случиле во минатото да ве држат заробени, па да не можете да го живеете животот кој го заслужувате. Секогаш постои излез. Секогаш постои начин, само треба да го пронајдете вистинското време за тоа. Не стојте во место.
Тргнете и барајте ја среќата, а од лошите искуства извлечете само поука. Запаметете дека вие сте го издржале страдањето, па со самото тоа сте борбена и силна личност. Знаете како да ги соберете парчињата од вашето срце и да го составите повторно. Знаете да се излекувате. Знаете да љубите. Не дозолувајте да ги изгубите вредностите кои понатаму ќе ве водат во животот, само затоа што некогаш сте биле скршени.
Луѓето доаѓаат и заминуваат, но само оние вредните за вашата љубов остануваат во вашиот живот. Не дозовлувајте светот да ви се врти околу личности кои не знаат и не сакаат да веруваат во вас. За вас постои нешто поубаво, а на вас останува да го откриете патот за да стигнете до тоа нешто!
Станете и избришете ги насолзените очи, па така подобро ќе го видите светот кој ве чека со широки прегратки, така ќе ги видите луѓето кои едвај чекаат да ве слушнат. Не губете го времето мислејќи на оние кои веќе заминале и не знаеле да ја ценат вашата пожртвуваност. Тие веќе се онаму каде што треба – далеку од вас.
Понекогаш е тешко и можеби ќе се чувствувате бескорисно, но колку повеќе туркате напред, толку повеќе ќе сфатите дека вреди да се борите само за СЕБЕ. Не дозволувајте лошите искуства и трауми да победат и да ве оттргнат од животот кој го заслужувате!