MAMAКафе муабет

Не чекајте животот да ви го донесе она што го сакате, тргнете сами кон тоа

Advertisement

Не препуштајте им се на стравовите и навиките кои честопати делуваат против вас. Ослободете се од стегите во секојдневието и погледнете на животот од еден друг агол.

ФОТО: thoughtcatalog.com

Не затворајте им ги упорно вратите на шансите кои се пред вас, само затоа што се плашите од неизвесноста. Живејте во сегашноста, бидете присутни во сегашниот момент, зашто само така ќе успеете да сфатите што е она што ве мотивира.

Advertisement

Не чекајте животот да ви го донесе она што го сакате. Тоа можеби ќе дојде во погрешен момент или пак ќе дојде во поинаква форма. Осмелете се и тргнете по својот пат. Борете се и така послатко ќе уживате во плодовите кои ќе ги собирате.

Секој почеток е тежок и секако ќе се сретнете со нешто непознато. Но, со текот на времето, колку подолго чекорите, толку повеќе ќе исчезне тежината. Бидете спремни да учите од се’. Секојдневно животот не’ учи нови лекции, па така еден ден ќе успеете да станете учители.

Не дозволувајте си да бидете пасивни актери во драмата наречена живот!

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button