MAMAКафе муабет

Не чекај животот да те удри по глава за да сфатиш колку вредиш

Advertisement

Немаме време за чекање.

ФОТО: womansday.com

Не чекај животот да те удри по глава па дури тогаш да сфатиш дека не вреди да бидеш постојано несреќна, негативна, да се грижиш за глупости, за работа, за тоа кој што рекол, поради неколку вишок килограми, поради одреден неуспех, поради рутинската кавга со свекрвата, поради… милион други мали и невредни работи.

Advertisement

Не чекај животот да ти зададе удар, за да ја сфатиш својата големина и својата вредност. Знаеш ти одлично што имаш внатре во себе, што не е добро за тебе, а што е добро, што те мачи, а што те прави среќна. Не чекај ниту еден ден повеќе за да ја сфатиш својата големина преку потешкиот начин. Ништо не правиш погрешно, само го живееш својот живот.

Остави ги озборувањата зад себе. Секогаш ќе има некој кој ќе се најде да ти зборува и да се меша во твојот живот. Но, никој не чекори со твоите чевли, па да знае која е вистинската насока по која треба да тргнеш.

Слушај го своето срце што ти зборува. Плачи кога ти се плаче, смеј се кога ти се смее. Радувај се на животот. Прифати ги и лошите моменти. Не дозволувај животот да ти ја покаже својата темна страна, па дури тогаш да ја сфатиш светлината која извира од твојата душа.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button