Реклама
MAMAКафе муабет

Не бидете строги кон себе – така ќе бидете посреќни!

Реклама

Експертите велат дека за здрав и долг живот, потребно е да имате одредена доза самосожалување. Тоа не значи дека треба по цел ден да зборувате дека ви е тешко, туку да не си создавате притисок доколку работите не излезат според планираното.

ФОТО: mnn.com

Личноста која има здрава доза самосожалување, нема да се обвинува себеси за стресот и стресните ситуации кои не може да ги контролира, а исто така и полесно ќе се избори со нив, односно, нема да дозволи тоа да ја гуши и да ја притиска. Истражувачите тврдат дека способноста да си простите нешто себеси, најпрво некој неуспех кој не зависел од нас, за последица има посреќен, подолг и попросперитетен живот.

До вакви заклучоци научниците дошле по тестирањето на нивото на стрес на 41 личност на секои два дена. Уште по првиот ден од истражувањето, тие откриле дека оние кои имаат високо ниво на самосожалување, значително подобро може да се носат со стресот, имаат поголемо ниво на самодоверба и помалку се склони кон депресија.

Маркетинг

Имајте на ум дека тоа е добро за вашто здравје, зашто покрај другото, личностите кои дозволуваат да ги совлада стресот се посклони кон болести, како што се Алцкхахмерова, рак и кардиоваскуларни болести.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button