Не барајте ја среќата надвор од вас, таа потекнува од единствено од вашето срце
Речиси сите ние сме научени да ја бараме среќата надвор од нас.
Чекаме некој да ни возврати на љубовта, чекаме да дојдат подобри времиња. Но, најчесто среќата се наоѓа токму во нас, во нашето срце, во нашата глава. Ние сме најголемиот извор на проблеми, но и на љубов. Она што го праќаме во универзумот, тоа и ни се враќа.
Не треба да очекуваме подобро утре, подобар месец, подобар партнер, подобра работа… Така деновите ни минуваат чекајќи нешто и не успеваме да уживаме во мигот. Најважно е да откриеме што не’ прави среќни, но и да научиме да се задоволуваме и со малите успеси во животот. Ако научиме да ги прифатиме маните на нашиот партнер, ние ќе бидеме поисполнети.
Ако научиме да водиме подобар и поздрав живот, тогаш среќата ќе ни се насмевне. Не треба да дозволиме нашата насмевка да зависи од другите. Во тој случај ќе бидеме повеќе разочарани, затоа што на другите не сме им приоритет секогаш.
Можеби понекогаш ќе се најдеме на некоја патека од која мислиме дека нема излез, но во тие мигови треба да имаме на ум дека ниту една темнина не трае предолго. Не очекувајте другите да ви подадат рака, затоа што понекогаш истите личности на кои сте се надевале, само може да ве турнат во бездна.
Отворете го вашето срце и сакајте се себеси. Уживајте во секојдневието, подарувајте насмевки и ширете љубов. Среќата никој нема да ви ја подари, освен самите вие!