Навистина не знаев дека не се сакаат толку многу: Цеца за скандалот со бугарското знаме

Во интервју за српските медиуми, Цеца објаснила дека обожавателка од публиката ѝ го фрлила знаме на нашиот источен сосед. Информира дека како и насекаде каде што настапува по земјите, фанови ѝ дофрлаат различни знамиња.
-Огромна чест ми е кога некој ми го дава знамето на својата земја. Го завиткав околу мене и одеднаш се слушнаа свирежи. Не знаев за што се работи, си помислив, дали го превртив наопаку? Гледам дека не е македонското, си викам не сум луда. Но тоа никогаш порано не се случило никаде. Бев целосно збунета. Мики Секуловски ми приоѓа и вели: „Знамето, знамето!“ Прашувам: „Што е со знамето?“, а тој вели: „Тргни го, тргни го брзо!“ Поминаа секунди, повторно прашувам: „Зошто, што се случи?“, а тој извикува: „Тоа е бугарското знаме!“ Велам: „Добро, и?“, а тој повторува: „Остави го знамето!, изјавила Цеца за српски „Телеграф“.
Го тргнав, додава таа, сè уште немајќи поим за што станува збор.
-Навистина не знаев дека не се сакаат толку многу. Многу ми е жал ако повредив нечии чувства. Тоа апсолутно не ми беше намера, бидејќи не се занимавам ниту со домашна, а камоли со соседска политика – кој кого сака или не. Навистина се трудам да ширам само љубов преку мојата песна, и ова трае веќе 38 години. Така ќе остане. Ако несвесно повредив нечии чувства вечерва, искрено се извинувам, бидејќи навистина не ми беше намера го повторила пејачката својот претходно познат став.
Цеца информира дека на настапот во Велес се случил „вистински делириум“ кога потоа го кренала македонското знаме.
-Не сакам никој да мисли дека било значајно, бидејќи јас немам апсолутно никаква врска со тоа. Повторно велам, никогаш не сум одела со намера да повредам нечии чувства. Ги почитувам сите чувства кај луѓето – националното знаме, религијата и националноста. Исто така, барам моето да се почитува. Бидејќи кога не го почитуваш своето, не знаеш како да го почитуваш туѓото. Барем сум многу внимателна во врска со тие работи. Но, ете, тоа се случи, за жал, кажала пејачката за скандалот со бугарското знаме.
Претходно контроверзниот Виктор Стојанов, Бугар од Македонија кој има забрана за влез во нашата земја, тврдеше дека Цеца има бугарски корени и затоа на концертот во Велес се нагрнала со бугарското знаме. „За него, бугарското знаме е симбол на културата, духовноста и слободата.“
Светлана Ражнатовиќ, родена Величковиќ, потекнува од селото Житораѓа, кое некогаш било дел од бугарската егзархија во рамките на Нишката епархија до ослободувањето во 1877 година. Според тоа, нејзиниот роден крај, како и самиот Велес, припаѓале на духовниот и културниот простор на бугарската нација.




