Реклама
Кафе муабет

Дали некој некогаш ви кажал дека сте грди? А дека не вредите?

Реклама

Не дозволувајте тоа што другите го зборат да влијае на личноста која сакате да бидете.

dalinekogas1

Не и се предавајте на депресијата од која тешко се излегува. Тоа ќе направи да ја изгубите самодовербата. Ако некој некогаш ви кажал дека никој не може да ве сака, ви ветувам дека тоа воопшто не е точно. Вие во вашиот живот имате толку многу луѓе кои ве сакаат и кои се грижат за вас. Ќе најдете личност која ќе ви покаже зошто никогаш не функционирало со другите и човек кој ќе ви ја сака душата. Ќе најдете најдобри пријатели кои ве разбираат повеќе отколку што можете да замислите. Тие ќе ве кренат кога ќе паднете на дното и ќе ве сакаат кога сте на врвот. Тие ќе ве поддржат во се што ќе се одлучите да правите. Тие ќе ве потсетуваат зошто никогаш не треба да се откажувате од оваа луда работа наречена живот.

Маркетинг

Неколку правила за шминкање до кои треба да се придржувате доколку носите очила >>

Без оглед на тоа колку пречки ќе имате во животот, никогаш не се откажувајте. Зборувајте со луѓето на кои најмногу им верувате и кои највеќе ги сакате.

Маркетинг

Тие се оние кои се грижат за вас повеќе од се. Свртете се кон вашите родители, тие поминале низ истите работи, иако ние не веруваме во тоа. Обратете се на вашите браќа и сестри, можеби се расправате со нив, но ако ги нема, ќе ви недостасуваат толку многу…

Волуметрикс диета – губите килограми, а никогаш не сте гладни >>

Луѓето се сурови и безобразни, но не дозволувајте да ве онерасположат. Држете ја таа ваша прекрасна глава гордо исправена. Овие денови можеби изгледа како никогаш да нема да завршат, но ќе завршат. Некаде по патот ќе видите колку далеку сте дошле и колку навистина сте силни!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button