Ништо без paкија и салата: Еве како Наумче и Зуица уживаат во БОЕМСКИОТ живот – пејачот откри нешто за сопругата!
Нивниот брак е еден од најскладните на естрадата, а и двајцата уживаат максимално во животот и предизвиците што ги носи.
Пејачите Наум Петрески и неговата сопруга Зуица Лазова се едни од најдобрите, а секако и најдобро музички потковани пејачката на македонската музичка сцена.
Скоро и не постои човек кој не ги знае
„Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други. Досега објавил 4 албуми, а последниот, со кој го одбележал 25- годишниот јубилеј, го реализирал во 2010 година под наслов „Оди ѕвездо“.
Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот.
Долги години е во среќен брак со Зуица, со која има две деца, синот Стефан и ќерката Македонка. Од првиот брак ги има ќерките Сања и Анастасија.
Негова наследничка во музичките води сега засега е само Анастасија, која изма извонреден глас и плени со своето пеење.
Коронавирусот донесе голема криза во Македонија, а најпогодени беа музичарите и угостителите, кои долго време не работеа. Буџетот секна, па многу од нив чарето го побараа во други професии.
Наум одлучи и јавно да проговори за кризатс која го погоди неговото семејство.
Тој во естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри како ги поминувал деновите на пандемијата. Вели најважното време на светот е времето кое го одвојуваме за себеси. Покрај пеењето, слободното време го поминува правејќи работи кои го прават среќен.
Лов, риболов, дружење со пријатели. Вели дека дружењето не изостанува и покрај пандемијата.
Најмногу го усреќува неговата пасија – риболовот. Тој откри и дека во Амеика на -22 степени уловил пастрмка речна од 5 килограми и 800 грама, што му оставило најголем впечаток.
Наум се пожали и на моменталната ситуација со коронавирусот и откри дека панемијата му донела финансиски минус.
„Секако дека е тешко. Скоро година дена како сме без настапи, преживуваме некако без музика. Меѓутоа не е лесно. Финансиски некаде сум преку 60-70.000 евра во минус. Живееме со плата и пензија од мајка ми и од жена ми и од нешто што сме имале од порано. Меѓутоа тежок е животот секако, целата економија е упропастена. Не знам како ќе се извлечеме од оваа ситуација. Немам добар поглед кон иднината“, изјави Наум за Бекстејџ.
Сега откамо животор полека се враќа во нормала, Наум кско вистински боем почнува да се враќа на старите навики.
Кафеаните, дружбите, музиката се дел од неговиот живот и тој навистина ужива во тоа.
Иако многумина можеби мислат дека на неговата сопруга, пејачката Зуица Лазова и пречи ваквиот начин на живот, Наум откри дека и таа често му се придружува.
„На Зуица ниту еден ден не и поминува без ракија и салата, и таа е дел од нашите боемски дружби“, кажа Наум.