Наум Петрески скршен од болка, сподели никогаш видена фотографија со Андреј и сите ги растажи (фото)
„Поцрно не сум се чувствувал никогаш“, напиша во една од своите објави Наум Петрески на социјалните мрежи.

Голема трагедија што ги погоди ситe
Наум Петрески кој беше многу близок членовите на ДНК; а посебно со Андреј Ѓорѓиески сподели фотографија што ги растажи сите.
На фотографијата тој е заедно со Андреј и Наум наздравува додека починатиот пејач кој настрада во пожарот слика со телефонот.
Наум во изминативе неколку дена сподели уште неколку фотографии на кои е со својот пријател и колега кој почина во несреќата, но и неколку тажни и преемотивни пораки напишани на црна позадина.
Фејсбук/ Наум Петрески
Непребол…
Некои од нив погледнете во продолжение…
Фејсбук/ Наум Петрески
„Поцрно не сум се чувствувал никогаш“, напиша во една од своите објави Наум Петрески на социјалните мрежи.
Фејсбук/ Наум Петрески
Потсетуваме, во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани згаснаа 59 млади животи, меѓу кои и осум музичари кои настапуваа со музичката група „ДНК“. Меѓу настраданите се тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев, потоа клавијатуристот на бендот, Филип Стевановски и еден од фронтмените, вокалистот Андреј Ѓорѓиески кој иако излезе од дискотеката, се врати по другите и во тој момент се срушил кровот и паднал врз него, по што пејачот загина на лице место.
Фејсбук/ Наум Петрески
Настрада и Сара Пројковска која беше придружен вокал во бендот, потоа гитаристот Александар Коларов, тон-мајсторот на ДНК, Игор Велков, како и битбоксерот Мартин Атанасовски попознат како Мартин Буцо кој исто така беше дел од групата ДНК.