Наши ѕвезди

Наум Петрески со тажна порака се збогуваше од Панчо – фотографијата што ја објави ги растажи сите

И денес на социјалните мрежи бројни тажни пораки со кои познатите се збогуваат од Владимир Блажев-Панчо

Advertisement

И додека многумина се надеваа дека ќе оздрави, пејачот Владимир Блажев Панчо, почина во 46 година од животот.

Пејачот и еден од фронтмените на ДНК, Владимир Блажев Панчо, почина по седум месец борба за живот.

Advertisement

Познатиот музичар по повредите со кои се здоби во пожарот во ноќниот-клуб „Пулс“ во Кочани беше сместен во една приватна клиника, но за жал им подлегна на повредите. Докторите цело време се бореа за неговиот живот, но, за жал, Панчо, ја изгуби својата животна битка.

Инстаграм

Веста за неговата смрт ги растажи целиот регион, посебно што многумина беа оптимисти и се надеваа дека ќе оздрави.

Advertisement

Многу ѕвезди од Балканот се огласија и изразија сочувство, а меѓу нив и Горан Тонев, единствениот што остана преживеан од музичарите кои вечерта, кога се случи несреќата, настапуваа со ДНК во Кочани.

Инстаграм

„Почивај во мир“, напиша Горан и објави заедничка фотографија со Панчо со кого долги годни соработуваше.

Тажни се пораките и на бројни други познати личности кои во текот на целиот ден се збогуваа од познатиот пејач.

Инстаграм

Меѓу нив и оние на Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Каролина Гочева, Миа Костова, Калиопи, Сергеј Четковиќ…

Инстаграм

На социјалните мрежи се огласи и познатиот фолк-пејач Наум Петрески кој беше мошне близок и со Андреј и со Панчо, а и еден од нивните последни големи хитови беше снимен токму со него.

Принтскрин/ Наум Петрески, Фејсбук

„Патувај со светлината таму кај што нема неправди, те чека целата екипа. Таман помислив дека барем ти се извлече од огнената стихија, но не издржа. Премногу болка и физичка и душевна. Ќе ве паметам вечно. Сочувство до фамилијата“, напиша Наум и објави заедничка фотографија на која е и Андреј.

Се огласија и многу други пејачи на народна музика, меѓу кои и Анета Љумаковска, Сузана Гавазова, Стојне Николова.

Инстаграм

Сите тие беа мошне блиски со Панчо кој соработуваше со многу ѕвезди, и тоа не само од Македонија, туку од целиот Балкан.

Инстаграм

„Добри мој, од првиот ден те гледав како брат. Знаеш она кога луѓето ќе се препознаат на прва, како да ги знаеш цел живот“.

Инстаграм

„Твојата добрина, насмевката, љубовта, ентузијазмот и силата на секоја средба ме воодушевуваа и ми даваа храброст за секој нов ден. Имавме многу планови, идеи… Многу работи што требаше да ги направивме, раскажеме, осмислиме.. Патувај брате мој, одмори се. Нека ангелите те одведат на некое подобро место и нека Господ ти ги подари Рајските населби. Те сака твојот брат“, напиша познатиот поп-пејач Сергеј Четковиќ кој беше мошне близок со Панчо.

Бонус видео

Познатата пејачка се присети на последната средба со Сара Пројковска: Беше голем човек и прекрасна жена

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button