Наум Петрески ги „исплука“ младите пејачи – „Ги уништивте старите хитови, на ништо не личите!“

Македонскиот пејач Наум Петрески ја разбранува јавноста со својата искрена и жестока објава на Фејсбук, во која упати критика кон дел од помладите изведувачи што, според него, ги „расипуваат“ старите македонски песни.
„Тотално ги уништивте сите стари хитови од ’85-та наваму, ама им влеговте и на старите македонски песни и мислите дека сте ги отпеале подобро од оригиналот. Всушност, многу непријатно и неправилно ги пеете, неправилно се отсвирани. Ако ве биваше, ќе направевте свои песни и немаше да се китите со туѓи перја“, напиша Петрески, додавајќи дека во една „постабилна држава“ ваквото, како што вели, „лудило“ би било забрането.
Advertisement
Пејачот им порача на младите музичари да создаваат сопствена иднина, наместо да се докажуваат преку песни на другите: „Не чекајте други да направат песна, а вие да се докажувате со неа.“
Објавата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и бројни коментари.