Една спроведена студија докажала дека жените се подобри возачи од мажите, а сега, уште едно истражување ни покажува дека кога се работи за издржливост, жените повторно ги победуваат мажите, и тоа со значајна разлика.
Оваа студија е направена на Универзитетот во Колумбија, а вклучувала седумнаесет учесници – девет жени и осум мажи, а ним им била дадена задача да ја свијат едната нога двеста пати, што е можно побрзо.
Резултатите од ова истражување покажале дека мажите наизглед се побрзи и појаки, но дека се изморуваат побрзо од жените. Па, заклучено е дека жените се поиздржливи од мажите и тоа со голема разлика.
Еден од авторите на сутдиите објаснува дека иако овој тест е направен само на нозите на учесниците, теоријата на издржливост може да се примени на целото тело. Тој додава: Од претходни истражувања знаеме дека на случувањата како што се маратоните мажите имаат побрз завршеток, но на крај жените се помалку уморни.
Па, мажи, мора да признаете дека овие податоци се доста интересни!