Научниците во шок: природни состојки уништуваат 93 отсто од клетките на ракот на дебелото црево за само 2 дена
Колоректалниот карцином е една од најраспространетите форми на рак кај мажите и жените, но и покрај тоа што постојат многу природни лекови за спречување на оваа болест, здравствените власти и понатаму тврдат дека не постојат доволно докази за поткрепа на таквите тврдења.
За жал, фармацевтската индустрија денес во голема мера ја определува науката и научните дотигнувања затоа што најголемиот број на истражувања се финансирани од страна на фармацевтските компании и како такви главно се занимаваат со финансиската добивка за компаниите, а не со здравјето на луѓето.
Сепак, ова не значи дека тие не поддржуваат важни истражувања кои потоа се објавуваат во истакнати списанија. Одличен пример за ова доаѓа од Универзитетот во Аделаида во Австралија, каде истражувачите откриле дека лауринската киселина (што претставува 50% од кокосово масло) успеала да уништи повеќе од 93% од клетките на ракот на дебелото црево по само 48 часа од третманот. Интересно е тоа што лауринската киселина ги уништила клетките на ракот така што истовремено предизвикала оксидативен стрес, а со тоа и значително намалување на нивото на глутатионот (кој е потребен за клетките на ракот да се заштитат од оксидативниот стрес).
Ова го правите секое утро, а може да предизвика рак: Светската здравствена организација предупредува >>
Експериментите изведени ин витро во Петриеви садови и ин виво кај стаорци покажуваат еднаков ефект. Лауринската киселина се наоѓа во мајчиното млеко и е масна киселина која го зајакнува имунолошкиот систем и има антибактериски својства.
Клиничките студии на Американското друштво за исхрана покажуваат дека мастите во кокосовото масло “можат да бидат корисни во лекување и спречување на состојби како што се дијабетес, остеопороза, вирусни болести (мононуклеоза, хепатит Ц, херпес …), болести на жолчното кесе, Кронова болест и рак”.
Што се случува кога ќе измешате цвекло, морков и јаболко – напиток кој ги уништува овие болести >>
Докажано е дека кокосовото масло ги намалува несаканите ефекти од хемотерапијата и го подобрува квалитетот на животот на пациентите со рак. Да се надеваме дека ќе се финансираат понатамошни истражувања за чудесното делување на овие природни компоненти.
Извор: b92