Научник предвиде точен датум за крајот на светот – малку ни останува, ако е во право
Ќе видиме дали Хајнц фон Ферстер бил во право со предвидувањето.

Научникот Хајнц фон Ферстер пресметал точен датум за кој тврдел дека токму тогаш ќе дојде до крај на светот, предвидувајќи дека ќе бидеме се повеќе „стеснувани до смрт“ и тоа до – следната година!
Во 1960 година, австрискиот научник Хајнц фон Ферстер објавил студија која содржела „равенка за крајот на светот“, со која може да се одреди моментот кога човештвото ќе изумре, а светот ќе заврши, или барем нашето постоење во него.
Тој ја пресметал равенката преку предвидување на стапките на раст на населението, со претпоставка дека човештвото нема да биде уништено од природна или човекова катастрофа, укажувајќи дека во следните децении ќе има милијарди луѓе повеќе кои ќе го оптоварат капацитетот на планетата да ги издржи.
„Нашите пра-пра-наследници нема да умрат од глад,“ рекол научникот за своите предвидувања. „Тие ќе бидат стеснувани до смрт.“
Ферстер предвидел дека светот ќе заврши кога ќе стигне до „2026.9“, што според равенката е исто како 13 ноември 2026 година.
Advertisement
Според неговото предвидување, тогаш „паметното население ќе се самоуништи“ бидејќи бројот на луѓе ќе стане толку голем што ќе се достигне „бесконечно ниво“ на човештво. На тој ден, човечката популација ќе стигне до „демографска сингуларност“ и ќе се намали од највисоко ниво на нула.
Сето ова звучи мрачно, но утешително е што сме само на една година од неговата прогноза за крајот, а идејата за бесконечни луѓе кои немаат простор едни за други сè уште не се остварила.
Иако неговите предвидувања за крајот на светот веројатно се неточни, „равенката за пропаст“ која ја создал за порастот на населението се покажала доста точна во следењето на глобалниот пораст на населението во текот на 20 век.