Научниците зборуваат за мозочна активност на крајот на животот што може да докаже дека луѓето имаат душа – мистериозен излив на енергија додека умираме
Мистериозен излив на енергија што се случува во мозокот додека умираме може да биде душата што го напушта телото, според експертите.

Д-р Стјуарт Хамероф, анестезиолог и професор на Универзитетот во Аризона, зборува за новата студија која потврдува дека се доловува мозочна активност на клинички мртвите пациенти.
Тој објасни дека истражувачите поставиле мали сензори на мозоците на седум хронично болни пациенти неколку минути пред да бидат исклучени од апарати за одржување, и можеле да ја снимат активноста откако крвниот притисок и срцето на секој пациент ќе паднат на нула.
Д-р Хамероф во емисијата „Проџект јунити“детално објаснува дека научниците „виделе мистериозен излив на енергија“ во моментот кога пациентите умирале, односно дека „дошло до неочекуван бран на активност во мозокот“.
„Тоа може да биде искуство блиску до смртта или можеби душата го напушта телото“, вели тој.
Д-р Хамероф верува дека свеста се случува на подлабоко квантно ниво, тврдејќи дека доаѓа од квантните процеси во микротубулите (мали структури во мозочните клетки), наместо само од големите електрични сигнали помеѓу невроните.
Ова би можело да објасни зошто луѓето сè уште имаат свесност за ниско-енергетските состојби на мозокот, како што се анестезија, длабок сон или дури и искуства блиску до смрт, објаснува тој.
Сепак, научниците кои ја спровеле студијата објаснуваат и дека можеби овие мозочни активности се појавуваат како реакција на недостатокот на кислород во критичните моменти.
Д-р Хамероф: Дали квантната информација ја надживува смртта?
Во документарната серија Through the Wormhole на научниот The Science Channel, д-р Стјуарт Хамероф ја изнесе својата теорија за свеста и квантната физика, објаснувајќи што се случува со информациите во мозокот по клиничката смрт.
„Ако срцето престане да чука и крвта да тече, микротубулите во мозочните клетки го губат своето квантно состојание“, вели Хамероф. „Но, квантната информација во нив не се уништува – таа се распрснува низ универзумот.“
Според неговата теорија, ако пациентот биде реанимиран, квантната информација може да се врати во микротубулите, што може да го објасни феноменот на искуства блиску до смртта. Доколку пациентот не биде спасен, можно е оваа информација да продолжи да постои надвор од телото, можеби дури и бесконечно – како душа.
Сепак, други научници сметаат дека свеста е резултат на комплексни невронски интеракции во мозокот, кои обработуваат информации и создаваат субјективно искуство.
Хамероф ја поврзува својата теорија со студија од 2009 година, спроведена од научници на Универзитетот Џорџ Вашингтон. Истражувачите ги испитувале нивоата на свест кај смртно болни пациенти во последните моменти од животот.
Во студијата биле анализирани седум пациенти – двајца мажи и пет жени на возраст од 34 до 74 години – кои немале невролошки оштетувања пред одлуката да им се исклучи животната поддршка од апаратите. Истражувачите им направиле електроенцефалограм (EEG) во моментот на исклучување од апаратите, за да ги испитаат можните промени во мозочната активност при самиот крај на животот.

Мистериозниот енергетски бран од мозокот по смртта
По исклучувањето од апаратите за одржување во живот, електроенцефалограмот (EEG) на пациентите покажал изоелектрична линија – или целосно рамна мозочна активност – по што биле прогласени за мртви и апаратите биле отстранети.
Сепак, податоците од EEG покажале дека снимиле неочекуван феномен: по самиот момент на смртта, се појавил краток, но интензивен бран на енергетска активност, кој траел од една минута до 20 минути.
Во интервју за Project Unity, д-р Стјуарт Хамероф открил дека кај еден од пациентите, по прекинот на работата на срцето, мозокот покажал изненаден налет на високофреквентна активност наречена гама синхронизација, што траела меѓу 30 и 90 секунди, а потоа исчезнала.
Гама синхронизацијата е специфичен образец на мозочни бранови поврзан со свесната мисла, перцепцијата и обработката на информации – активност што нормално се случува кога размислуваме или сме свесни за нешто, пренесува Дејли меил.
Ова откритие отвора можност дека мозокот, дури и по прекинот на срцевата работа, сè уште може да покажува знаци поврзани со свест или перцепција.
„Научниците ја покренаа можноста дека измерената мозочна активност по срцевата смрт може да корелира со искуствата блиску до смртта или со вонтелесните искуства“, тврди Хамероф.
Сепак, додал дека, бидејќи пациентите не преживеале, не постои начин да се потврди дали навистина доживеале такви искуства.
Што се случува во моментите по смртта?
Научниците кои ја спровеле студијата разгледале две можни објаснувања за необичната мозочна активност забележана по смртта.
Првата хипотеза била дека се работи за електрично нарушување што ги засегнало сензорите. Сепак, оваа можност била отфрлена бидејќи активноста била забележана на два различни уреди, кои користеле различни методи за мерење на мозочната активност.
Втората, теорија е дека изненадниот бран на активност се случува во моментот кога мозокот останува без кислород.
„Кога мозокот достигнува критично ниво на хипоксија, невроните губат електричен потенцијал, што предизвикува синџирна реакција на електрична активност“, се наведува во студијата.
Истражувачите сметаат дека оваа појава може да објасни зошто некои пациенти кои доживеале срцев удар, но биле успешно реанимирани, подоцна се сеќаваат на живописни слики и искуства блиски до смртта.
„Го предлагаме ова како можност за разјаснување зошто многу пациенти имаат ‘вонтелесни искуства’ откако ќе бидат успешно вратени во живот“, заклучиле авторите на студијата.
Дополнително, истражувачите истакнуваат дека во нивната работа на интензивна нега, често имаат контакт со семејствата на починати пациенти. Во тие моменти, многу блиски на починатите наоѓаат утеха во помислата дека нешто навистина се случува во моментот на смртта.