Научниците открија како ќе изгледа човекот за илјада години и кога ќе се случи колапс на општеството – колапсот ни доаѓа брзо, а луѓето на иднината ќе бидат збир на глупаци
Еволутивниот генетичар професор Марк Томас, даде прецизна слика што да очекувате од човечкиот развој.
![](/wp-content/uploads/2025/02/m-1-780x470.jpg)
Пред 1.000 години, во 1025 година, Египет бил зафатен со бунт на робови во нивниот главен град, човек по име Вилијам Дебелиот бил дискутиран како можен кандидат да биде крал на Италија (на крајот не ја добил функцијата), а Болеслав Храбриот станал крал на Полска 60 дена пред да се соочи со трагичен смртен случај.
Оттогаш се случија премногу нешта, но начинот на кој луѓето изгледаа и живееја исто така значително се промени.
Замислете само што ќе се случи во следните 1.000 години и како луѓето ќе изгледаат тогаш.
Еволутивниот генетичар професор Марк Томас, даде прецизна слика што да очекувате од човечкиот развој во овој милениум.
Експертот сугерираше дека луѓето ќе станат малку пониски.
Човечката висина зависи од голем број фактори, а една студија од Универзитетот Оксфорд покажа дека подобрите диети, времињата на стабилно производство на храна имаат тенденција да имаат влијание врз просечната висина на човекот.
Професорот Томас тврди дека една од теориите меѓу бројните теории е таа што повеќе експерти сугерираат дека пониските луѓе се способни да добијат побрзо деца, па ако повеќе ниски луѓе добијат деца многу е веројатно дека и тие деца ќе бидат со понизок раст.
Колегата на Томас, професорот Роберт Брукс сугерира дека мозокот на иднината би можел да биде помал бидејќи нема да треба да бидеме толку паметни штом компјутерите работат сè, колку и да звучи застрашувачки.
Направените студии за масата на мозокот на животните пред и по припитомувањето, открија дека мозокот на овците, кравите и кучињата станува помал кога се припитомени, па ако целосно се „припитомеме“ преку технологијата, тоа ќе се случи и со луѓето.
Како резултат на тоа, човештвото за 1.000 години се предвидува да биде збир на глупави и ниски луѓе со мал мозок.
Понатаму, научниците предвидуваат и кога ќе се случи падот на општеството какво што го знаеме сега.
Преку новото исцрпно истражување, тимот научници откри дека падот на општеството ќе се случи блиску до средината на 21 век. И да, тоа е векот во кој моментално се наоѓаме.
Всушност, според научниците, има помалку од две децении до колапсот на актуелното општество. Тоа ќе се случи за околу 17 години, поточно, како што предвидуваа научниците, колапсот ќе дојде во 2040 година. На сметка на тоа, ќе мора да се создаде подобар, односно поодржлив свет кој пак ќе бара сосема нови модели на живот.