Наташа Беквалац има најоригинална елка, еве што искористи наместо лампиони – идеја која мора да се проба за ич пари
Годинава во претпразничната сезона, регионалната ѕвезда Наташа Беквалац се надмина во креативноста.
Наташа во неколку прилики откри дека ги обожава празниците, па не е чудо што подрани со китењето на елка, и тоа – без да употребува лампиони. Фотографиите ги сподели на својот инстаграм-профил, а многумина се согласија дека ова едноставно украсување е всушност многу ефектно.
Елката е прилично голема, околу неа се наредени светилки, а главниот украс е огромната панделка во пудра нијанса.
Панделката е двојна и закачена е на горниот дел од елката, додека лентите со дијагонално исечени рабови се спуштаат речиси до подот. Панделката е богато драпирана кај чворот и затоа има фантастичен волумен и ѝ дава на елката изглед на гламурозен подарок.
Долку сте во потрага по интересна идеја за украсување на вашата елка, оваа не е за пропуштање.
Инаку, Беквалац веќе најави каде ќе пее за Нова година. Веселата ноќ ќе ја дочека на сцената со микрофон во рацете во Будва, во клубот „Најт Клуб Амбиент“.