Наташа Беквалац или Андријана Петрушовка – која беше повпечатлива на концертот во Кавадарци?
Настан за кој се зборува и надвор од Македонија

Беквалац или Петрушовска, прашањето е сега…
Убавата српска пејачка Наташа Беквалац (44) беше една од главните ѕвезди на Тиквешкиот гроздобер оваа година.
Фотографии и снимки од нејзиниот концерт во Кавадарци се уште кружат на социјалните мрежи, а и самата пејачка беше воодушевена од настанот и на кавадарчани им направи одлична атмосфера.
Таа привлече внимание и со својот изглед, а пред неа настапуваа Куку Леле и прекрасната Андријана Петрушовска.
На официјалната страница на „Тиквешкиот гроздобер“ беа објавени фотки од сите три настапи, а дел од нив погледнете во продолжение:
Инаку, на Наташа неколку недели претходно и беше откажан настапот во Врање, па наместо неа настапи друг пејач.
Како што пренесе тогаш порталот „Нова.рс“, настапот на Наташа во склоп на истата манифестација во која и претходно настапувала, и бил откажан, наводно, откако пејачката на еден фестивал носела темни очила на кои со бели букви пишувало „Блокада“, изразувајќи го така својот став во врска со протестите во нејзината земја.
И додека овој нејзин чин предизвика воодушевување кај студентите и доби бројни позитивни коментари, очигледно дека на градоначалничката на Врање не и се допаднало нејзиното политичко мислење.
Како изгледаше Наташа и во ова издание, погледнете во продолжение…
Потсетуваме, истата вечер кога Наташа настапи во Кавадарци одличен настап имаше и убавата скопјанка Андријана Петрушовска.
Македонската Гранд ѕвезда ја воодушеви публиката, а сите коментираа дека изгледала прекрасно на бината.
Прикажи ову објаву у апликацији Instagram
Па, погледнете го и ова издание и кажете ни која од овие две дами изгледаше поубаво на Тиквешкиот гроздобер?