Наташа Беквалац е очајна. Ноќе не може да спие, се буди и плаче: „Откако нејзиниот сопруг ја претепа ја изгуби и волјата за живот!“
Наташа се бори со емотивна криза
Нејзините модрици и гребаници еден ден ќе исчезнат, но колку време треба да помине за да зараснат и невидливите рани? Тоа нема брзо да се случи, а тоа го потврди и една блиска пријателка на Наташа. Имено, таа во разговор за порталот Блиц.рс открива дека на пејачката во овие моменти и е многу тешко и поминува низ тешка емоционална криза.
„Се уште не може ноќе да спие, се буди и плаче. Иако сите сме покрај неа, таа ова мора да го сама да го помине. Само таа знае како и е. Наташа е речиси без трошка енергија и желба за живот. Сето ова силно ја изненади особено затоа што фантазираше дека со Лука ќе доживее старост. Ни во најлудите кошмари не можеше да замисли дека тој некогаш би можел да дигне рака на неа“ – вели пријателката на Наташа која не сакаше да го открие своето име.