Реклама
Интервју

Натали Смилевска е обучена телепатски да комуницира со животни – „зборуваат“ преку слики, емоции и енергетски импулси, често сакаат да ни кажат колку нѐ сакаат или колку ни се благодарни

Натали работи со луѓе кои се чувствуваат заглавени, кои се борат со анксиозност и стравови, затоа што знае како е да се биде во таа состојба – но, уште поважно, знае дека постои излез. Нејзината мисија е да им помогне да го најдат својот пат кон мирот, самодовербата и слободата, а за животните - да живеат посреќен, опуштен и задоволен живот.

Реклама

Натали Смилевска се занимава со повеќе области, од лајф коуч, коуч за читање од Акаша записи, когнитивно-бихејвиорална терапија, исцелување на матката, холистичка терапија, енергетски третмани, хипнотерапија, и реики и, што за нас е многу интересно, комуникација со животни.

Уште на почетокот на разговорот ни открива дека, како многу нејзини клиенти, се борела со анксиозност, стрес, чувство на незадоволство и недостаток на самодоверба. Ова не били само кратка фаза – тоа беше состојба што влијаела на сите аспекти од нејзиниот живот.

Како што вели, била заглавена во дисфункционална врска, иако имала завршено магистерски студии не можела да најде работа или наоѓала работа која била далеку под нејзините квалификации, се борела со покачена телесна тежина, не знаела што сакаа за себе во животот. Сакала промена, но не знаела од каде да почне.

Маркетинг

Незадоволството ја натерало да почне да бара решение за своите проблеми. Почнала со истражување на различни пристапи и техники за да се ослободи од стресот и да ја зголеми својата самодоверба. На тој пат се соочила со повеќе предизвици за многу едукации, морала да патува во странство, да си обезбеди средства за трошоците и едукациите и покрај тоа што голем дел од програмите ги поминувала на англиски јазик, за некои морала да научи да зборува српски јазик.

Но, сето тоа вредело за Натали, бидејќи доживеала огромна животна трансформација што ѝ помогнала да најде стабилност во животот и да ја открие сопстевната вистинска мисија – да се посвети на помагање на други луѓе да се ослободат од слични предизвици.

Маркетинг

Во процесот на работа на себе, Натали сфатила колку е важно да се има поддршка, водство и разбирање во моменти на стрес и несигурност.

„Тоа беше мотивот да станам холистички лајф коуч, да ги комбинирам моите лични искуства со техники кои им помагаат на моите клиенти да живеат пофокусирано, исполнето и со поголема самодоверба. Когнитивно-бихејвиоралната терапија, ми помогна да разберам како мислите влијаат на чувствата и однесувањето. Но, почувствував дека нешто недостасува – ми требаше подлабока работа, нешто што ќе го опфати целото мое битие, не само умот“ – ни раскажува Натали.

„Со текот на времето, открив дека животните имаат неверојатна способност за комуникација и исцелување, па така и комуникацијата со животни и нивното енергетско исцелување стана дел од мојата работа“, фото-приватна архива

Така дошла до хипнотерапијата која ѝ помогнала да допре до несвесните обрасци. Работата со енергија ѝ донела енергетска рамнотежа, а исцелувањето на матката ѝ овозможило да се поврзе со сопствената женска енергија и длабоките емоционални блокади.

„Со текот на времето, открив дека животните имаат неверојатна способност за комуникација и исцелување, па така и комуникацијата со животни и нивното енергетско исцелување стана дел од мојата работа“ – додава таа.

Оваа комбинација на методи не само што ја трансформирала Натали, туку ѝ дала и алатки со кои може да им помага на другите луѓе и на животните.

Сега, Натали работи со луѓе кои се чувствуваат заглавени, кои се борат со анксиозност и стравови, затоа што знае како е да се биде во таа состојба – но, уште поважно, знае дека постои излез. Нејзината мисија е да им помогне да го најдат својот пат кон мирот, самодовербата и слободата, а за животните – да живеат посреќен, опуштен и задоволен живот.

Како успеваш да ги комбинираш сите овие методи и техники (лајф коучинг, енергетски третмани, СВТ, реики, холистички пристап, и т.н.) и дали постои некој поврзан аспект помеѓу нив?

– Кога почнав да ги изучувам овие техники, сфатив дека иако на прв поглед се различни, сите тие се дел од една поголема слика – нашата целосна благосостојба.

Хипнозата им помага на клиентите да допрат до потсвеста, каде што се складирани нашите најдлабоки уверувања и трауми. Фото- приватна архива.

Лајф коучингот ми овозможи да го разберам умот – како мисловните обрасци ја создаваат анксиозноста и како преку промена на тие обрасци можеме да си го промениме животот. Но, често забележував дека свесното разбирање не е доволно.

Понекогаш длабоко вкоренетите емоции, стравови и блокади бараат подлабока работа – и тука дојдоа хипнотерапијата, енергетската работа, холистичкиот пристап, КБТ, итн.

Хипнозата им помага на клиентите да допрат до потсвеста, каде што се складирани нашите најдлабоки уверувања и трауми. Работата со енергијата прави енергетска рамнотежа, ослободување од стресот и враќање на внатрешниот мир.

Исцелувањето на матката помага за работата со женската енергија, емоционалните блокади и повторното поврзување со сопствената моќ. Холистичкиот пристап овозможува да се гледа на личноста како една целина – тело, ум, дух, емоции и енергија, а комуникацијата со животни покажува колку е важна интуицијата и природниот баланс.

Сите овие методи ги комбинирам природно и интуитивно, според потребите на секој клиент. Сè е поврзано – мислите влијаат на емоциите, емоциите на телото, а енергијата на сè. Токму затоа, кога работиме на сите нивоа, резултатите се подлабоки и потрајни.

Мојата цел не е само да им помогнам на луѓето да „разберат“ зошто се чувствуваат така, туку и да го ослободат товарот што го носат, да најдат мир и да продолжат напред со успех, самодоверба и спокој.

За што точно се однесува терапијата за исцелување на матката и какви се најчестите предизвици кои жените ги решаваат со оваа терапија?

– Исцелувањето на матката е длабока, трансформативна терапија која не е само за физичкото здравје, туку и за емоционалното, енергетското и духовното ослободување.

Матката е многу повеќе од репродуктивен орган – таа е центар на нашата женска енергија, креативност, интуиција и животна сила. Но, за многу жени, таа носи и товар – емоционални трауми, потиснати болки, колективни и наследни обрасци поврзани со женственоста, како и стресот и притисокот од секојдневниот живот.

Жените кои доаѓаат кај мене со желба за исцелување на матката често се соочуваат со емоционални блокади како потисната тага, гнев или страв што ги спречува да се чувствуваат слободни и исполнети.

Траумите од минатото поточно личните трауми, но и нешто што е пренесено од предците или колективното несвесно, како и проблеми со плодноста или менструалниот циклус кои имаат емоционална или енергетска причина.
Фото-приватна архива

Имаат проблеми со самодовербата и женственоста и чувство на дисконекција со сопственото тело, страв од изразување на сопствената женска енергија, стрес и анксиозност што често се складирани во телото, особено во карличната област, создавајќи тензија и енергетска тежина.

Траумите од минатото поточно личните трауми, но и нешто што е пренесено од предците или колективното несвесно, како и проблеми со плодноста или менструалниот циклус кои имаат емоционална или енергетска причина.

Во самата терапија, работам со енергетско чистење, медитации, телесна свесност и техники за ослободување на потиснатите емоции. Често ја комбинирам со енергетски третмани, хипнотерапија или други методи, во зависност од потребите на клиентката.

Најубавиот дел од овој процес е што жените почнуваат да се чувствуваат послободно, полесно и поврзано со себе. Почнуваат да си ја враќаат сопствената сила, да се чувствуваат сигурни во својата женственост и да создадат подлабока врска со своето тело и својата суштина.

Исцелувањето на матката не е само техника – тоа е патување кон повторно будење на сопствената моќ и интуиција.

Како функционира телепатската комуникација со животни и кои се најчестите пораки или чувства што животните ги пренесуваат за време на сеансите? Што е најважно да разбереме кога работиме со нив на овој начин?

– Телепатската комуникација со животни е неверојатно длабок и интуитивен процес што ни овозможува да ги разбереме нивните мисли, чувства и потреби на енергетско и емотивно ниво.

Секое живо суштество комуницира преку енергија и вибрации. Луѓето често се потпираат на зборови, но животните комуницираат преку слики, емоции, интуитивни знаења и енергетски импулси.

Кога комуницирам телепатски со животното, се поврзувам со неговото енергетско поле и примам информации во форма на мисли, слики, чувства или дури и физички сензации.

Животните се многу искрени и директни во својата комуникација. Некои од најчестите пораки што ги пренесуваат вклучуваат љубов и благодарност – многу миленици изразуваат огромна љубов кон своите сопственици и сакаат да знаеме дека нè сакаат безусловно.

Животните често споделуваат кога чувствуваат болка или непријатност во одреден дел од телото, што може да помогне во подобра грижа за нив, можат да пренесат дали се чувствуваат вознемирено, тажно, исплашено или среќно, особено ако во околината се случуваат промени (нов дом, нов миленик, промена во семејството итн.).

Животните пренесуваат и пораки за нивните луѓе – често превземаат емоции од нивните сопственици и понекогаш сакаат да ни кажат нешто важно за нас – на пример, дека треба да се грижиме повеќе за себе, да се ослободиме од стресот или дека сме емоционално заглавени.

Исто така ги изразуваат нивните желби и потреби – што сакаат повеќе или помалку во нивниот живот различен тип на храна, повеќе прошетки, повеќе внимание итн.

Животните пренесуваат и пораки за нивните луѓе – често превземаат емоции од нивните сопственици и понекогаш сакаат да ни кажат нешто важно за нас – на пример, дека треба да се грижиме повеќе за себе, да се ослободиме од стресот или дека сме емоционално заглавени. Фото-приватна архива

Кога комуницираме со животни на овој начин, најважно е да им пристапиме со отворено срце, без очекувања и со целосна почит кон нивните чувства и пораки. Животните ни помагаат да станеме почувствителни, свесни и да ја разбереме длабоката поврзаност што ја делиме со нив. Тие ни се учители, исцелители и водичи во животот – само треба да научиме да ги слушаме.

Што се случува за време на хипнозата и како може да се користи како алатка за исцелување или подобрување на менталното здравје?

– Хипнозата е едно од најмоќните средства за длабока трансформација и исцелување, бидејќи ни овозможува да допреме до коренот на нашите потсвесни програми и уверувања.

За време на хипнотерапијата, личноста влегува во состојба на длабока релаксација, но останува свесна за сè што се случува. Ова не е состојба на губење контрола – напротив, тоа е состојба во која умот станува поприемчив за позитивни промени. Во оваа состојба, мозочните бранови се забавуваат (од бета во алфа или тета фреквенции), што значи дека го заобиколуваме критичкиот дел на умот и работиме директно со потсвеста.

Потсвеста е местото каде што се складирани нашите длабоки уверувања, стравови, емоции и автоматски реакции.

Хипнозата е алатка што ја користам за да им помогнам на клиентите да се ослободат од анксиозноста и стресот, со работа на потсвесните причини за вознемиреноста и создавање нови, посмирени обрасци на однесување и да го променат негативниот начин на размислување со заменување на старите, ограничувачки уверувања со нови.

Преку хипноза можеме да ги откриеме и ослободиме стравовите и фобиите, да се направи промена во навиките, да се насочи умот да делува попозитивно. Хипнозата буквално може да помогне во ослободување на секој проблем што постои.

Ефикасна е затоа што работи директно со потсвеста, каде што се наоѓаат нашите најдлабоки уверувања. Наместо само свесно да се обидуваме да се смениме (што често не успева), хипнозата ни помага да ја „репрограмираме“ потсвеста со нови позитивни уверувања и емоции.

Кога првпат ја открив хипнозата, бев фасцинирана од тоа колку брзо може да донесе промени. Кога ја применив на себе, сфатив дека токму потсвесните блокади биле тие што ме спречувале да ја почувствувам сигурноста и мирот што ги барав. Тогаш решив да ја вклучам во мојата пракса, бидејќи видов колку може да биде моќна за ослободување од анксиозноста и внатрешните стравови.

Потсвеста е местото каде што се складирани нашите длабоки уверувања, стравови, емоции и автоматски реакции.
Фото-приватна архива

Хипнозата не е магија – тоа е наука за умот и свеста. Но, кога се користи правилно, резултатите може да се почувствуваат како магични, бидејќи конечно можеме да се ослободиме од старите обрасци и да го живееме животот кој навистина го посакуваме.

Популарна во светот е хипнозата за одвикнување од пороци откажување од пушење цигари на пример, па дури и од алкохол Имаш ли искуство на оваа тема со клиенти и колкав е процентот на успешност?

– Да, хипнозата е многу популарна и ефикасна алатка за одвикнување од различни пороци, особено пушење и алкохол.

Работејќи со клиенти кои сакаат да се ослободат од овие навики, сфатив дека клучот за успехот лежи во потсвесните програми кои ги одржуваат овие однесувања. Навиките како пушењето и консумацијата на алкохол не се само физички зависности – тие често се поврзани со емоционални потреби, стрес, рутини и длабоко вкоренети уверувања.

Хипнозата работи така што помага да се промени потсвесното уверување на пример, ако некој пуши затоа што верува дека цигарите го смируваат, хипнозата може да го замени тоа уверување со нешто поефикасно и здраво и да се намали или елиминира желбата со тоа што умот повеќе нема да ја поврзува цигарата или алкохолот со задоволството.

Помага да се ослободи стресот и емоционалните тригери, бидејќи многу луѓе ги користат овие супстанции како механизам за справување со стресот, анксиозноста или дури и досадата како и да се создадат нови здрави навики, односно клиентите учат како да реагираат на ситуациите на нов, попозитивен начин.

Сум работела со клиенти кои сакаат да се откажат од пушење и алкохол. Кај пушачите, резултатите се особено добри кога клиентот е навистина подготвен да се ослободи од навиката. Во многу случаи, доволни се само 3-4 сесии за значително намалување или целосно прекинување на пушењето.

Кај алкохолот, пристапот е малку подлабок, бидејќи често има посилни емоционални и социјални фактори кои го одржуваат однесувањето. Тука обично работиме на основните причини зошто личноста консумира алкохол, а не само на самата зависност.

Клучниот фактор за успех е личноста да сака и да биде вистински подготвена да ја напушти зависноста. Ако клиентот доаѓа затоа што некој друг го натерал, успехот е помал. Но, кога постои внатрешна мотивација, хипнозата може да биде неверојатно ефикасна.

Многу луѓе мислат дека ќе се разбудат од хипнозата „магично излечени“, но всушност, хипнозата е процес на промена на несвесните навики и уверувања. Со вистинскиот пристап и подготвеност за промена, резултатите може да бидат трајни и трансформативни.

Колку луѓето во Македонија веруваат во алтернативниот пристап на лекување?

– Во Македонија, свесноста за алтернативните методи на лекување, како што се лајф коучингот, хипнозата, холистичката терапија и енергетската медицина, постојано расте. Сѐ повеќе луѓе почнуваат да разбираат дека менталното, емоционалното и физичкото здравје се поврзани и бараат различни пристапи за исцелување, надвор од класичната медицина.

Но мислењата се поделени, некои луѓе целосно ја прифаќаат и се отворени кон ваков пристап, додека други сѐ уште се скептични, бидејќи повеќе се потпираат на традиционалната медицина и западниот пристап кон здравјето.

Во последниве години, забележувам дека сѐ повеќе луѓе во Македонија сакаат да пробаат да го решат својот проблем со техники како лајф коучинг, хипнотерапија, енергетско исцелување итн, особено за анксиозност, стрес и емоционални блокади.

Помладите луѓе, особено оние кои имаат пристап до информации преку интернет и книги, покажуваат поголем интерес за личен развој, духовност и холистички пристапи.

Поголем процент се жените, кои најчесто бараат вакви методи, особено кога станува збор за исцелување на емоционални рани, репродуктивно здравје и личен раст.

Причината зошто луѓето почнуваат повеќе да се интересираат за алтернативна терапија е тоа што многумина сфаќаат дека класичната медицина третира само симптоми, но не ги допира длабоките емоционални, ментални и енергетски причини за болестите. Покрај тоа, голем дел од клиентите доаѓаат откако пробале сѐ во традиционалната медицина, но не добиле вистинско олеснување.

Работејќи со клиенти, гледам дека оние кои се отворени за овој пристап, имаат одлични резултати. Кога луѓето го искусуваат позитивниот ефект на алтернативните методи, почнуваат повеќе да веруваат во нив и да ги препорачуваат на другите.

Верувам дека во иднина свеста за холистичкото здравје ќе продолжи да расте, а луѓето ќе бидат сѐ поотворени за комбинирање на различни методи за подобрување на својот живот и благосостојба.

Кој е твојот следен предизвик?

– Мојот следен предизвик е да ја надградам својата работа со уште подлабоко интегрирање на психологијата и холистичките методи, создавајќи еден уникатен пристап кој ќе им помогне на луѓето да постигнат вистинска, трајна трансформација.

Бидејќи ги завршувам моите студии по психологија, сакам да го искористам стекнатото академско знаење за уште подобро да ги разбирам и поддржувам моите клиенти. Верувам дека комбинирањето на научно поткрепени методи со лајф коучингот, енергетската работа и хипнотерапијата може да создаде длабок и траен ефект врз менталното и емоционалното здравје.

Еден од моите најголеми предизвици е да им помогнам на луѓето во Македонија да ја разберат важноста на холистичкиот пристап. Се стремам да допрам до што повеќе луѓе преку едукација, предавања и создавање на програми кои ќе им помогнат на оние што се борат со анксиозност, стрес и емоционални блокади.

Се гледам себеси како некој што ја носи оваа мисија на поголемо ниво –создавање на поголема заедница за давање на холистичката поддршка и помош на луѓето и на животните.

Во суштина, мојот следен предизвик е да ги спојам знаењето, искуството и интуицијата за да создадам нешто што ќе има вистинско влијание врз животите на луѓето и на животните. Ова не е само работа за мене – ова е мојата мисија, мојот повик.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button