Холивуд

Која жена е првата добитничка на Еврејската Нобелова награда?!

Advertisement

Холивудската актерка и оскаровка Натали Портман е наградена со израелската награда Генеза за 2018 година во знак на признание за посветеност во однос на социјалните прашања и длабоките врски со своите еврејски и израелски корени, наведоа организаторите.

natalie portman

Advertisement

Наградата од милион долари позната и како „Еврејска Нобелова награда“ се доделува секоја година на личноста, која се смета за инспирација за следните генерации Евреи поради своите професионални достигнувања и посветеноста на еврејските вредности.

Глумицата наведе „дека е длабока трогната од тоа признание“.

– „Горда сум на своите израелски и еврејски корени. Тие се клучен дел од тоа што сум јас“, истакна Портман во соопштението, додавајќи дека ќе ги искористи средствата од наградата за да го смени животот на жените во Израел и пошироко.

Во образложението за доделувањето на наградата наведена е нејзината улога во борбата за родовата еднаквост против сиромаштијата и правата на животните.

Предвидено е наградата на глумицата да и ја врачи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим во јуни следната година.

Натали Портман е петта добитничка на оваа награда и прва жена која ја имала таа чест.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button