Реклама
Наши ѕвезди

Наследникот на Војо Стојански со преубава вест – му пристигнуваат честики, Дамјан никогаш посреќен

„Браво Дамјане ти си славеј, жив и здрав да си“, му порачаа фановите што пејачот посебно го израдува

Реклама

Пејачот ги воодушеви своите фанови

Наследникот на легендарниот Војо Стојаноски, Дамјан Стојаноски, пријатно ги изненади своите бројни обожаватели.

Имено, тој со гордост објави дека снимил една убава песна во ново руво заедно со Оркестарот на Златко Миладиноски, Народно до максимум. Станува збор за македонската народна песна „Аман анамче“ (Таму далеку вода ми дотече) со која шармантниот Дамјан погоди директно во целта и ги воодушеви своите бројни обожаватели.

Маркетинг

Со оваа преубава песна со моќен текст и мелодија Дамјан уште еднаш покажа дека гордо е решен да го следи патот што го зацрта неговиот татко, легендарниот македонски пејач Војо Стојаноски кој почина на 6. мај 2014 година. Имено, и тој и неговите братучеди, Влатко и Златко Миладиноски, ја продолжија мисијата на Војо – преку своите песни и настапи да ја афирмираат вистината за Македонија.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутуб

„На сите ни е добро познато дека љубовта не позната граници. За една таква љубов раскажува оваа песна“, вели Дамјан пред да започне песната. Пејачот со својата екипа за песната сними и преубав спот, а откако го објавија следуваа бројни позитивни реакции на социјалните мрежи.

Принтскрин/ Јутуб

„Браво Дамјане ти си славеј, жив и здрав да си“, беше само еден од коментарите што Дамјан ги доби под песната на Јутуб.

Потсетуваме, Дамјан Стојаноски е син на македонската фолк-легенда Војо Стојаноски по чии стапки тој денес гордо чекори. И како што самиот Дамјан во една пригода откри за Гламур, ниту една свадба не може да помине без најголемите фолк-хитови на неговиот татко, а истовремено вети и дека нема да ги заборави и останатите песни на Војо.

Принтскрин/ Јутуб

„Не може да помине македонска свадба без („Свадба голема“, „Ти донесов млада невеста“, „Ете Мајко“, „Дамјане“),како ни веселба или општонароден собир без „Една мисла имаме“, „Нема друга Македонија“ и уште многу други песни што татко ми ги испеа. Но тој има и песни кои што се подзаборавени и секако заслужуваат да им се даде ново руво. Веќе започнав со некои преработки , и покрај моите нови песни ветувам дека ќе има барем по 2-3 обработки од песни од татко ми годишно“, изјави Дамјан во една пригода за Гламур.

Целото интервју со Дамјан прочитајте го тука.

Принтскрин/ Јутуб

Принтскрин/ Јутуб

Принтскрин/ Јутуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button