Наследникот на поранешниот претседател го знаете, но погледнете каква убавица е и нивната снаа
Синот на поранешниот претседател е вистински среќник со оваа прекрасна дама покрај себе

Наследникот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, пред три години се ожени со убавата Јана.
Тие на вечна љубов се заколнаа во февруари 2022 година, а Иван ја запроси својата сакана во октомври 2021.
И бидејќи Јана беше во блажена состојба на нивната венчавка, по неколку месеци го добија и нивното прво дете.

Фејсбук/ Ѓорге Иванов
Ова беше голема радост за поранешниот претседател, посебно што Иван и Јана првото дете го крстија по својот дедо.
Фотографии од венчавката тогаш ги изненадија сите на социјалните мрежи, посебно убавата снаа на екс-претседателот.

Инстаграм/ Иван Иванов
Принцеза од бајките
Имено, Јана на венчавката носеше преубава розова венчаница во која изгледаше како принцезите од филмовите на Дизни.
Покрај неа блескаше и младоженецот, облечен во класичен костум, со бела кошула, елек и кафеава вратоврска.

Инстаграм/ Иван Иванов
Фотографиите од венчавката ги воодушевија сите, а како тие изгледаа во овој посебен ден, потсетете се во продолжение:

Инстаграм/ Иван Иванов
Неколку месеци подоцна се роди и малиот Ѓорге, а како се веселеше дедо му на прославата за внукот, потсетете се тука.
Инаку, поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов повеќе од три децении е во брак со својата сопруга Маја Иванова.

Фејсбук/ Ѓорге Иванов
И како што и самата Маја во една пригода откри, за нивната љубов се виновни калинките, и тоа од нивниот град.
Имено, Маја како прва дама во една пригода беше гостинка на настанот „Здрава храна за детство без мана“, одржан во Валандово.
„Калинката ми асоцира на понуда на брак. Мојот сопруг ми предложи брак со калинка и со зборовите: ‘Како што се сплотени зрната во калинката така да бидеме сплотени и ние цел живот’. И еве, пред два дена наполнивме 23 години брак, па оваа формула со калинката е испробана”, изјави тогаш Маја, во 2013-та, а пред само неколку недели пак, со сопругот прославија 35 години брак.
Малкумина знаат и дека семејството Иванови отсекогаш уживале во добра музика. Нивниот дом често е исполнет со звуците на инструментите што ги владее – пијано и хармоника, а Маја оваа љубов и денес ја дели со својот сопруг, а му ја пренесоа и на нивниот син Иван.
Иван како и неговите родители е голем љубител на музиката, а како млад имаше долга коса, свиреше гитара и пишуваше поезија.
Повеќе за наследникот на Ѓорѓе Иванов откријте тука…



