Наследникот на нашата позната водителка го фати крстот – Благословен да си синко, јунак мајкин (фото)
Преубава вест, водителката никогаш посреќна
Горда на својот син, сподели неколку фотки
Наследникот на поранешната водителка Марина Дојчиновска денес во село Гари учествуваше во традиционалното пливање по крстот.
По повод празникот Богојавление, синот на поранешната водителка Марина Дојчиновска, Дамјан Дукоски, денес учествуваше во традиционалното пливање по чесниот крст.
Тој воедно и го фати крстот, па неговата мајка на социјалните мрежи сподели фотографии и искажа колку се гордее со него.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
„Јунак мајкин! Го фати крстот во Гари! Здрав, жив и благословен да си синко! Радост си!“ напиша гордата мајка на Фејсбук.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Потсетуваме, Марина веќе подолго време е во врска со Горан Алачки со кого исто така често споделува снимки, посебно од нивните патувања на најразлични дестинации низ целиот свет.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Тие оваа година ќе прослават 10 години љубов, а Алачки неодамна во интервју за Гламур откри дека во следниот период планираат почесто да бидат во Владимирово и Гари, родното место на нивните татковци. Тие и двајцата имаат изградено убави викендички на овие места, па сега ги посетуваат секогаш кога имаат време и уживаат во нивната идила (целото интервју со Алачки прочитајте го тука).
Тие неодамна се вратија и од патување на Малдивите, а како си поминаа на оваа волшебна дестинација, погледнете тука…