Наскоро ќе наполни 98 години, а плива во езерото како тинејџерка – ова е тајната на нашата Добрила
Еве во што се крие тајната на нејзината долговечност

Ова извонредна дама која за неколку месеци ќе го прослави својот 98 роденден со својата енергија ги воодушевува сите.
Пејачката Добрила Чабриќ-Ивановска по учеството во „Никогаш не е доцна“ стана позната на целиот Балкан.
Таа има 97 години и за неа досега пишувале речиси сите поголеми медиуми во регионот, фасцинирани од нејзината живост.
Принтскрин/ Јутуб, Гранд
Таа во споменатото шоу победи пред неколку години, а од тогаш многу пати се има појавено пред камерите во нивните емисии.
И како што самата откри во една пригода, Добрила до Белград секогаш патува со својот автомобил кој се уште го вози.
Принтскрин/ Јутуб, Гранд
И кога ќе се паркира во близина на студиото сите што ќе ја забележат ќе бидат запрепастени и нема да можат да се изначудат.
Таа воедно важи и за најстара победничка во ова популарно шоу за ветерани, а неодамна ги изненади сите и со она што го изјави пред камерите, јавно признавајќи дека се уште има додворувачи.
Живот покрај езерото
Добрила веќе со години живее во својата куќа во близина на Дојранското Езеро и ова за неа е најубавото место н светот.
И како што самата откри во една пригода, езерото за неа има волшебна моќ и максимално се опушта кога се капе во него.
Принтскрин/ Јутуб, Охрид Фест
Намирница што ја избегнува
Што се однесува до нејзината тајна за долговечност, Добрила во една пригода откри што јаде и како се исхранува.
„Нема тајна, но прехраната е многу важна. Јас сум вегетаријанка, месо ретко јадам, а кога ќе го изедам, го џвакам како хартија“.
Принтскрин/ Јутуб, Гранд
И како што понатаму таа истакна, најмногу се храни со овошје, зеленчук и салати, а и не пие алкохол и не пуши цигари.
„Понекогаш во друштво ќе запалам, но тоа не ми одговара, тоа е како на пиле да му ставите цуцла“, се пошегува Добрила на своја сметка во една пригода пред камерите на популарното шоу на „Гранд“.
Еден нејзин настап во ова популарно шоу каде Добрила важи за една од омилените гостинки, погледнете во продолжение.