Наши ѕвезди

Наскоро ќе биде докторка, ама од ова не се откажува – Македонката направи џумбус во Панчево (фото)

Беше воодушевена од пречекот, но и од одличната забава која што ја направија со својот ментор

Advertisement

Одличен настап на младата пејачка

Победничката во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова, овој викенд имаше одличен настап во Панчево, Србија.

Advertisement

Таа настапи во рамките на една манифестација, а публиката ја воодушеви со изведба на познати рок нумери.

Инстаграм/ Славица Ангелова

Шармантната струмичанка на сцената излезе заедно со нејзиниот поранешен ментор во „Ѕвездите на Гранд“, Горѓе Давид и неговиот бенд.

Advertisement

Таа потоа сподели и неколку снимки од настанот, а тоа го направи и познатиот рокер воодушевен од својата „компањонка“.

Инстаграм/ Славица Ангелова

Пејачката за оваа пригода избра бел фустан со необичен шлиц, а целото издание го зачини со црни чизми и широк ремен.

„Македонијо, фала ти на гостите, Славица Ангелова и Александар Јосифовски кои пееја како славеи“, порача менторот на нашите „Гранд“ ѕвезди по спектаклот што тие го приредија за гостите.

Инстаграм/ Славица Ангелова

Како Славица изгледше, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Славица Ангелова

Потсетуваме, Славица по победата во популарното шоу продолжи да ја гради својата музичка кариера, а паралелно и студира.

Инстаграм/ Славица Ангелова

Таа е запишана на Медицински факултет во Бугарија, а помеѓу сесии и испити, таа и настапува и работи на својата музичка кариера.

Инстаграм/ Славица Ангелова

Како што самата откри во една пригода за Гламур, покрај секојдневните обврски поврзани со факултетот и учењето, таа е презадоволна и од тоа како се движат работите на музички план. „После победата веднаш имав многу концерти низ целиот Балкан заедно со мојот ментор Ѓорѓе Давид, како дел од неговиот бенд, заедно со Ивана Петерс и Александар Јосифовски. Веќе имаме договорено доста концерти и за ова лето“, ни откри тогаш шармантната струмичанка.

Целото интервју со Славица прочитајте го тука….

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button