Комбинации кои се соврше ни за топлите месеци
Без разлика дали ќе ги носите преку викенд или во оние денови кога на распоредот ви се наоѓаат забавни активности, одмор и неколку незадолжителни кафенца со вашите пријателки, овие комбинации се одличен избор за овој период од годината. Вашите совршени планови треба да одговараат со совршени аутфити, а за да го направите тоа инспирирајте се од фотографиите што следуваат и обидете се да ги копирате омилените комбинации со парчиња што веќе ги имате во вашите плакари. Поиграјте се со вашите омилени фармерки и комбинирајте со раскошен и удобен топ, и наместо патики комбинирајте со сандали, додека едноставните маици заменете ги со блузи со карнери или риги. Летните фустани можат да бидат совршен избор за преку викенд и непланираните забави кои најчесто се случуваат во овој период од неделата, а што се однесува до кроевите сезонава изберете модели со интересен дезен или голи раменици.
Па ако барате инспирација погледнете ги овие интересни и креативни комбинации кои сигурно ќе ви помогнат да го „подигнете“ вашиот летен стил.
види повеќе » |