Како треба да се нашминкате за да имате крупни очи?
Дали некогаш сте забележале како славните личности изгледаат поинаку со и без шминка?
Дали некогаш сте забележале како славните личности изгледаат поинаку со и без шминка? На пример, некои со шминка имаат впечатливи крупни очи, додека без шминка едвај ќе им ги забележите. Се прашувате која е нивната тајна? Па, прочитајте ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат да се нашминкате и да имате крупни очи.
1. Виткајте ги трепките
Ако немате природно долги и совршени трепки, нивното виткање пред да ставите маскара, значително ќе ви ги отвори очите.
2. Што со долните трепки?
Многу експерти за шминкање избегнуваат ставање маскара на долните трепки, затоа што кажуваат дека тоа ги смалува очите. Тоа е точно за некои жени, но кај други ставањето маскара постигнува ефект на покрупни очи. Испробајте и научете што најмногу ви прилега.
3. Не плашете се од вештачки трепки
Доколку се квалитетни, вештачките трепки може да изгледаат егзотично, убаво и природно. Секако, треба правилно и добро да ги наместете.
4. Секогаш имајте средени веѓи
Ќе се изненадите колку веѓите може да влијаат на вашиот изглед. Многу жени не ги средуваат затоа што мислат дека тоа не им е потребно, но кога ќе го направат тоа, ќе се изненадат од промената. Мал совет: Дозволете првиот пат веѓите да ви ги среди професионалец, а потоа вие одржувајте ја таа форма.