Наши ѕвезди

Нашите најголеми фолк-ѕвезди приредија уште една незаборавна вечер во земјата на кенгурите

Беше весело, цела вечер се пееше и играше...

Advertisement

Повеќе од очигледно е дека сите што беа дојдени се забавуваа одлично, но и дека салата беше преполна до последно место.

Македонскиот фолк-пејач Дамјан Стојаноски е на турнеја во Австралија заедно со своите братучеди Влатко и Златко Миладиноски.

Advertisement

Тие имаа уше еден настап за паметење, а Дамјан и Влатко штом се појавија и запеаја на сцената, атмосферата кулминираше.

Фејсбук/ Дамјан Стојаноски

Тоа може да се види и од снимката што Дамјан ја сподели на социјалните мрежи, каде цела сала игра оро и ужива во неговата музиката.

„Браво за вас сложни Македонци, така треба уживајте со нашите распеани момци“, пишува во еден од бројните коментари што стојат под оваа снимка што пејачот ја сподели на социјалните мрежи.

Фејсбук/ Дамјан Стојаноски

Од првиот тон на песните, па се до последниот, гостите уживаа во убавата македонска песна, а атмосферата се менуваше од еуфорија до солзи, наградувајќи ги музичарите со аплауз и овации.

Фејсбук/ Дамјан Стојаноски

И Дамјан и Влатко во текот на вечерта ги изведуваа нивните најголеми хитови, а публиката сите ги дочека со воодушевување.

Како сето тоа изгледаш, погледнете во продолжение:

Потсетуваме, по враќање од Австралија, Влатко започнува со подготовките околу неговиот солистички концерт во Скопје.

Фејсбук/ Дамјан Стојаноски

И како што самиот вели, македонската песна најубаво звучи дома, па секој што сака да ужива во магијата на нашата изворна фолк-музика, влезници за концертот нека набави на време, бидејќи интересот веќе е голем и истите можат да бидат распродадени за брзо време.

Повеќе за концертот дознајте тука, а во продолжение погледнете и што откри Дамјан, во емисијата „Кафе муабети“, за еден од најемотивните моменти на концертот на Влатко.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button