CelebrityНаши ѕвезди

Нашите млади генијалци ја направија Македонија горда – сребро и бронза од Кипар!

Advertisement

Македонскиот тим по инфоратика постигна одличен успех на 18. Јуниорска балканска олимпијада (ЈБОИ 2025), која се одржа од 24 до 30 октомври во Ларнака, Кипар. Нашите млади информатичари се враќаат дома со сребрен и бронзен медал.

Во составот на репрезентацијата беа Владимир Грчев од Кочани, Марко Кренков од Струмица, Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје. Тимот беше предводен од д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Натпреварот опфати решавање на сложени алгоритамски задачи наменети за ученици до 15 и пол години.

Advertisement

Во конкуренција од 33 учесници од балканските земји, Марко Кренков се закити со сребрен медал, додека Владимир Грчев освои бронзен. Зоран Илијоски и Јаков Грујовски добија олимписки пофалби за своите резултати.

Со овој настап, македонските ученици во 2025 година досега имаат освоено вкупно два златни, три сребрени и пет бронзени медали, како и шест олимписки пофалби на различни меѓународни информатички натпревари.

Претседателот на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ), д-р Миле Јованов, истакна дека постигнатите резултати го потврдуваат континуитетот на високите стандарди и потенцијалот на македонските млади таленти. Тој најави дека подготовките за следната ЈБОИ, која ќе се одржи во 2026 година во Сараево, Босна и Херцеговина, веќе се во тек.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button