Наши ѕвезди

Нашите фолк грации блескаат во проѕирно, а Гавазова ги истакна нозете – овој детаљ го забележаа сите

Еве како ќе изгледаат нашите пејачки за Нова година

Advertisement

Мелем за душа, ама и мерак за очи

Нашите познати пејачки беа дел од снимањето на една новогодишна емисија, а сега исплива нова снимка од овој настан.

Advertisement

Од снимката што ја објавија и пејачките на својот Инстаграм, може да се види како нашите три фолк-грации, Даниела Темелковска, Сузана Гавазова и Благица Павловска заедно играат на сцената.

Принтскрин/ Инстаграм, Сузана Гавазова

Но она што посебно остави впечаток беа нивните прекрасни тоалети во кои сите три изгледаа како холивудските диви.

И додека Темелковска и Павловска носеа црни тоалети зачинети со проѕирни детали, Гавазова блескаше во металик фустан.

Принтскрин/ Инстаграм, Сузана Гавазова

Тие беа поприлично расположени и разиграни, а Темелковска и Гавазова танцуваа една до друга.

Поприлично смела беше и креацијата на Благица, која во горниот дел беше целосно проѕирна, така што се гледаше црниот градник на пејачката. И Темелковска со горниот дел кој создаваше визуелен впечаток како да носи корсет, оставаше без здив, посебно заради деталите од чипка, додека креацијата на Гавазова беше со разголен грб, но и длабок шлиц, така што во фокусот беа нозете.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

Принтскрин/ Инстаграм, Сузана Гавазова

Принтскрин/ Инстаграм, Сузана Гавазова

Принтскрин/ Инстаграм, Сузана Гавазова

Принтскрин/ Инстаграм, Сузана Гавазова

Принтскрин/ Инстаграм, Сузана Гавазова

Принтскрин/ Инстаграм, Сузана Гавазова

Принтскрин/ Инстаграм, Сузана Гавазова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button