Наши ѕвезди

Нашите „Cafe de Anatolia“ се на врвот на светската електронска сцена – номинирани на престижниот Beatport Awards!

Оваа номинација е историски момент за македонскатаелектронска музика, бидејќи досега ниту еден македонски издавач или артист не бил номиниран на глобално ниво за ваква престижна награда.

Advertisement

Македонскиот музички бренд Cafe De Anatolia продолжува да освојува глобални признанија, а најновата потврда доаѓа од Beatport Awards 2025, каде што нивниот подбренд Cafe De Anatolia LAB е номиниран запрестижната титула „Hype Label of the Year“.

Оваа номинација е историски момент за македонскатаелектронска музика, бидејќи досега ниту еден македонски издавач или артист не бил номиниран на глобално ниво за ваква престижна награда. Со овој успех, Cafe De Anatoliaу ште еднаш докажува дека македонските уметници имаат што да понудат на светската музичка сцена.

Advertisement
приватна архива

Што значи номинацијата за Beatport Awards?

Beatport, како една од највлијателните дигитални платформи за електронска музика, преку своите годишни награди ги препознава најиновативните и највлијателни издавачки куќи. Категоријата „Hype Label of the Year“ е резервирана за лејбли кои покажуваат исклучителна креативност, оригиналност и глобално влијание. Доделувањето на наградите ќе се одржи наскоро, а македонската електронска заедница со нетрпение го очекува исходот. Без разлика на резултатите, ова признание е јасен доказ за успехот, посветеноста и визијата што ја носи Cafe De Anatolia.

„Оваа номинација за нас претставува голема чест и признание за целата работа, љубов и страст што ја вложуваме во музиката. Но пред сè, ова е признание за нашата земја – малечка по големина, но голема по душа. Горди сме што нашата визија и музика допрела до толку многу луѓе низ целиот свет. Оваа номинација не е само наша, туку и на сите млади уметници од овој регион кои сонуваат големи соништа.“ – велат од Cafe De Anatolia.

Глобален успех и соработка со луксузни брендови

Препознаени од Forbes, Entrepreneur и други светски реномирани медиуми, Cafe De Anatolia е основоположник на жанрот Organic House, поставувајќи нови стандарди во електронската музика.
Издавачката куќа не само што создава музика што го освојува светот, туку и соработува со некои од најпрестижните брендови, како што се Giorgio Armani и Four Seasons Hotels, докажувајќи дека нивниот звук е повеќе од тренд – тоа е начин на живот.

Advertisement
приватна архива

Наследство на креативност и страст

Зад оваа успешна приказна стои долгогодишна работа, иновативен пристап и страст за музика. Cafe De Anatolia, кој го обликува електронскиот звук со уникатна фузија на органски звуци, ориентални мелодии и модерни електронски ритмови, со години гради своја препознатливост.
Издавачката куќа, која денес е светски бренд, беше основана од Зоран Илиев (Billy Esteban), Моника Илиева, Никола Илиев (Nickarth/Rialians On Earth), кои заедно со своите уметници создаваат нешто безвременско.

Големо признание за македонската електронска сцена

Номинацијата за Beatport Awards 2025 не е само успех за Cafe De Anatolia, туку и големо признание за Македонија како дел од светската електронска музичка сцена. Овој успех е резултат на долгогодишната посветеност на тимот и артистите, кои со својот автентичен звук освојуваат слушатели од целиот свет.

Доделувањето на наградите ќе се одржи наскоро, а македонската електронска заедница со нетрпение го очекува исходот. Без разлика на резултатите, фамилијата Илиеви веќе го остави својот печат во музичката историја.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button