Нашиот стендап комичар работи на порнографски видео игри во Србија, интервју со Мишо Бабиќ
Ме нарекуваа Сашко Коцев од АлиЕкспрес, иако ова е некако повеќе навреда за Сашко отколку за мене, вели тој.

Дали сте слушнале за Мишо Бабиќ? Македонецот во Србија или Србинот во Македонија. Тој е одличен стендап комичар кој подолго време твори во Белград иако е роден во Скопје. На 4 мај доаѓа во Скопје, ќе одржи стендап во „Јавна соба“, по тој повод направивме разговор со него со цел да ве запознаеме повеќе со овој инспиративен човек.
AdvertisementView this post on Instagram
1. Како ве однесе патот во Белград?
– Израснав во центарот на Скопје (не е битно дека е Центар, ама
зошто да не се пофалам). Средно школо учев на англиски јазик за да студирам во странство, па на 18 години се преселив за Белград, бидејќи тоа е најдалеку што мајка ми ми дозволи. Таму завршив Факултет за Организациони Науки, смер Информациони Технологии, а за тој подвиг ми требаа кратки седум години. Сепак, после дипломирањето направив одлука дека не сакам да имам пари, и место програмер
станав стендап комичар.
View this post on Instagram
2. Кога и на кој начин ви започна љубовта кон стендапот?
– На 31 јануари, 2018 година, учествував на вечер на отворен микрофон во организација на standup.rs, каде го освои четвртото место. Со оглед на тоа дека само првите три места добиваа прилика да продолжат со настапи, се спремив да си ги спакувам метафоричките куфери и да ја завршам својата стендап кариера, ама боговите на хуморот ми се насмеаа, организаторите се смилуваа, па се счучи чудо и ми
дадоа шанса да бидам дел од работилниците.
Од тогаш имам бројни настапи, највеќе на српски во Белград. ама и во Скопје на македонски, во Прага и Варшава на англиски, и дури еднаш на руски, иако тој јазик не го ни зборувам. Читав од тетратка фори кои колегата Русин ми ги преведе од англиски, за сега да може да се фалам дека сум настапувал на четири јазици.
View this post on Instagram
3. Од каде прекарот Сашко Коцев од АлиЕкспрес?
– Четири години по ред бев водител на една од попрестижните манифестации ворегионот, македонските ТвитерНагради, таканаречената „Дрвена Бубамара на Анонимноста,“ каде со право ме нарекуваа Сашко Коцев од АлиЕкспрес, иако е ова некако повеќе навреда за Сашко отколку за мене.
4. Кои теми ги обработувате најчесто на стендапите?
– Во мојот хумор, освен апстрактни халуцинации и игри со зборови, се провлекуваатразни теми од животот- машко/женски односи, фамилијарни драми,
(зло)употреба на дроги, ментални (и други) болести, и, секако, како е тоа да се биде Македонец во Србија, а Србин во Македонија.
5. Дали се занмавате со нешто друго за егзистенција?
– Работам во една српска гејм дев компанија како наративен дизајнер за (порнографски) видео игри. Исто така соработував со Македонското гејм дев студио Dark-1 Games на играта Skopje ‘83, која наскоро треба да излезе на Steam. По потреба сум и сценарист, со Георги М. Унковски напишавме една сезона за драмедија која моментално чека да се наместат ѕвездите за да биде снимена (држете палци).
View this post on Instagram
6. Имате ли омилен стендап комичар?
Моментално, омилениот комичар ми е Шејн Гилис. Освен него, ги сакам и Луи СиКеј, Бил Бур, Норм МекДоналд, Џорџ Карлин, Дејв Шапел, Марк Норманд, Мич Хедберг, иред други кои веројатно ги заборавам. Првите стендапи кои го гледав беа настапот на Робин Вилијамс, лесна му земја, кој ни го пушти професорката по англиски во средно
(фала Дијана), и двата специјали на Еди Марфи.
7.Што те засмејува тебе највеќе?
Може ќе звучи глупо, ама најјако ми е кога ќе кажам нешто што ни сам не го очекувам. Си се смеам сам на својата (често глупа) фора додека другите околу мене се држат за глава. Се смеам и кога се роустаме меѓу себе во комичарско друштво, кога избива драма на опен мајк посетен од исклучиво пијани луѓе, кога погрешно ќе го проценам растојанието меѓу устата и вилушката и ќе се збрцам во нос. А од поткасти највеќеуживам во Kill Tony, според мене најдоброто нешто во светот на комедијата – како бебе на реалити шоу и шпанска серија, само со комичари.
View this post on Instagram
